Достапни линкови

Русија и САД го продолжуваат ,,тангото“ околу Иран, а прашањето за Косово останува нерешено


Додека Русија и Соединетите Држави го продолжуваат тангото околу ракетната одбрана и Иран, едно прашање се уште не е решено: Косово, наведува американската агенција за стратегиски истражувања Стратфор, додавајќи дека тоа би можело да се најде меѓу отспаките што Соединетите Држави се подготвени да и ги направат на Русија со цел да се постигне компромис за претходните две прашања.

Агенцијата Стратфор наведува дека за отстапките во врска со балистичките ракети и со договорот за конвенционалните сили во Европа Вашингтон барала од Москва да ја прекине поддршката на Иран и да не се противи на новите санкции поради нуклеарната програма на таа земја. Но, во овие преговори, како што се додава, се појавил и нов влог, нерешеното косовско прашање. Преговорите меѓу Соединетите Држави и Русија во втората половина од годината се со сменет фокус. Русија се спротивстави на американските чекори кон Источна и Централна Европа и јавно го поддржа Иран. Тоа сега е главната промена од средбата меѓу Буш и Путин во јули годинава кога најважна тема беше независноста на Косово. Москва, како што оценува Стратфор, е огорчена од можноста за независно Косово, не затоа што смета дека Србија и е сојузник, туку затоа што наметнувањето на волјата на Западот врз Белград би значело и крај на руското влијание во Европа. Тоа пак, исто така би значело дека руското противење лесно, со понудени концесии, може да се сокрие под килим. Соединетите Држави на дваесет и девети октомври наеднаш предложија нова можност, замрзнување на косовската независност за дванаесет години штое вистински хорор за Приштина. Згора на тоа на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на прес конференција во Авганистан му излета дека Вашингтон разгледува повлекување на своите сили од КФОР. Ваквите изјави би можело да значат две работи. Или Соединетите Држави имаат многу работи во чинијата и треба од некаде да се повлече, или Косово стана уште една отстапка што Вашингтон е подготвен да и ја даде на Москва. ,,Тајмингот на оваа објава по се изгледа наведува на втората опција. Новиот предлог доаѓа во време на критични движења меѓу Соединетите Држави, Иран Русија и се шират гласови за американски отстпки. Со тоа што на европејците ќе им дозволат да занимаваат со косовското прашање, Соединетите државиби се нашле надвор од руската огнена линија. Исто така Косово би можело да биде додаено во оние работи што Вашингтон ги одвои за да ја одржи рамнотежата со Москва додека траат нивните игри,, заклучува американската агенција за стратегиски истражувања Стратфор.
XS
SM
MD
LG