Достапни линкови

Експертите сметаат дека целта е со притисок да се дојде до решение до самитот на НАТО


Посредникот во македонско грчките преговори за спорот околу името на Македонија,Меју Нимиц на преговорите во Њу Јорк не излезе со нов предлог околу разликите со името, но даде сугестии меѓу кои предлог за нацрт рамка во обид двете страни да ја разгледаат како основа за наоѓање решение.Со ова не се утврдува краен рок ,туку се поставува временска рамка со која ке се инсистира на приближување на разликите на двете стани, велат експертите, но очекуваат дека нешто ново може да се случи до самитот на НАТО во Април. Професорот Денко Малевски од Првниот факултет во Скоје вели дека временската рамка е Самит и поканата што ние ја очекуваме, така што САД преку Нимиц се обидуваат да го забрзаат тоа.

„Временска рамка во овој момент има, иако 16 години не беше доволно да се изнајде решение, а тоа е априлскиот самит на НАТО и поканата што очекуваме да ја добиеме. Притисокот ќе биде врз Македонија да најде некаков модус со Грција да го реши спорот и да им олесни на Американците да ја истуркаат нашата кандидатура.“

Доколку тоа не с е случи се разбира можни се компликации при примеот бидејки земјите членки на оваа оргнизација имаат инструмнти за закочување на процесот, па дури и за ставање вето. Дали тоа Грција би го искористила остнува да се види, но тоа е притисокот. Но не може да се очекува дека нешто сега ке с е случи, вели Малевски

„Македонија е закована во својата позиција дека уставното име и идентитетот е иста работа и не може да се очекува дека нешто ќе се случи. Особено што преговарачите го немаат тој мандат, одлуките се носат во Скопје и Атина. Значи, веројатно ќе се туркаат работите до Самитот, и потоа ќе се види дали ќе се бараат брзи решенија, може да бидат и неповолни, работата е неизвесна.“

Според професорот Димитар Мичев, содржината на предлогот на Нимиц за нацрт рамка има значње на поствуавње разумни рокови за приближување на ставовите на двете земји,

„Се створи една атмосфера дека еве сега пред одлуките за НАТО мора што поитно да го решиме. Нимиц оди разумно, рационално, на подолг рок. Нема потреба за нервоза и ќе отпаднат сите овие грчки притисоци што побрзо да се реши, затоа што е готово со Македонија и нема да влезе во НАТО. Тоа отпаѓа.“

На разговорите во Њујорк, претствникот на македнската стрна го повтори ставот за двојната формула - едно име за билтерлна комункација со Грција и уставното име за преостанатиот дел со светот. Грчката страна не излезе со нов предлог.
XS
SM
MD
LG