Достапни линкови

Поткопување на институциите и правниот систем, оценка на експертите


По последните случувања во врска со одлуката на Уставниот суд за ограничување на употребата на знамињата на заедниците како непочитување на судски одлуки кои се конечни, се толкуваат како директно поткопување на правниот систем. Аналитичарите велат, оваа состојба е резултат на општата состојба во земјава

„Резултат е на контекстот во којшто се наоѓа Македонија и поширока платформа на дејствување, да се поткопаат и делегитимираат сите институции во државата, проблем со парламентот, проблем со владата, проблем со релацијата претседател. Уставниот суд остана како институција што уживаше углед во јавноста иако и тој не беше поштеден од критики,“

изјави Ило Трајковски професор на Филозовскиот факултет. Тој укажува дека ситуацијата во земјава не е случајна во овој период

„Целиот случај треба да го гледаме пошироко и во контекст на чекорите што Република Македонија ги прави и треба да ги прави. Тоа е извештајот на ЕУ, тоа е прашањето на Косово и прашањето со НАТО и во тој дел актуелизација на прашањето со името. Мислам дека има вжештување на состојбите и некои од политичките партии играат на картата, колку полошо толку подобро за нас, но на крајот ќе биде лошо за сите,“

рече Трајковски.

Аналитичарите порачуваат дека почитувањето на уставот, законите, на актите на уставниот суд кои се конечни и за кои за разлика од останатите не може да се покрене постапка за промена, мора да се применуваат без разлика какви се. Тие со свои предлози што е потребно да се постигне тоа

„Со поголема професионалност, ажурност и објективност на сите институции кои го чинат целиот систем,“

изјави аналитичарот Алберт Муслиу

Професорот Трајковски пак апелира надлежните да бидат прагматични

„Во овој момент останува на политичките елити да седнат и да кажат дајте да ја надминеме оваа ситуација, со тоа што ќе бараме други решенија во правото, но ќе го почитуваме такво какво што е.“
XS
SM
MD
LG