Достапни линкови

Преголеми апетити за надлежности од страна на општините но и потфрлаат при исполнување на обврските


И по повеќе од две години од почетокот на децентрализацијата има низа на проблеми. За да се спроведува целосно децентрализацијата потребно е да има поголема соработка мегу локалните и централните претставници, вели поранешниот претседател на Заедницата на единици на локалната самоуправа Горан ангелов коментирајки го процесот или случувањата во пооделни области. Од една страна има барања од општините за поголеми надлежности како на пример во изборот на командири на полициските станици, управување со државното градежно земјиште и слично, а од друга велат дека не можат да ги исплатат платите на вработените во образованието

„Политичките заложби на првите луѓе на општините многупати не се соодветни со административните капацитети, но тоа незначи дека треба да се стопира процесот на децентрализација. Напротив треба да се оди чекор по чекор.“

Изјави Ангелов. Децентрализацијата сеуште се одвива со меѓусебни обвинувања меѓу централната и локалнаат власт. Во фискалната децентрализација што започна неодамна од осумдесеттина општини се вклучија 42. Една од нив е и Велес, а и градоначалникот Аце Коцевски укажува на вакви проблеми:

„Сите државни органи, пред се мислам на министерствата не влегоа подготвени во втората фаза, но од друга страна и ние како општини мора да признаеме дека не сме сите подготвени.“

Вели Коцевски. Градоначалникот на Дебар Аргетим Фида смета дека не може преку општините само да се прави трансферот на пари на пример за платите, туку дека е потребно да останат средства и кај локалната власт за развој:

„Фискалната децентрализација ние ја замислувавме само како трансфер на платите од министерство во општините, директно кај наставниците и освен тоа ништо друго не им следи на општините.“

Во врска со несразмерните барања на општините Коцевски вели дека за надминување на проблемите потребен е посериозен пристап кон децентрализацијата:

„Виновни се луѓето кои што ги создаваат проблемите, а не процесот на децентрализација кој е прифатен во сите земји.“

Поранешниот претседател на ЗЕЛС Ангелов пак апелира на поголема соработка мегу локалната и ценралната власт:

„Ако се надмине состојбата дека централните и локалните власти се политичките или друг вид на непријатели, значи од тука треба да се тргне. Досега централната власта ја сметаше локалната власт како некои малолетни деца кои што не се подготвени за ништо.“
XS
SM
MD
LG