Достапни линкови

Самитот на НАТО е во април и до тогаш Македонија треба да направи уште многу


Заменикот помошник на државниот секретар на Соединетите држави за Европа и Евроазија Розмари Дикарло на вториот ден од посетата на земјава со порака дека политичкиот дијалог е клучен

„Политичкиот консензус е многу важен и тоа во секоја во земја во светот, важен е посебно за земја како македонија која направи голем прогрес и ние сакаме дијалогот да продолжи и ке ги охрабриме учесниците кои е потребно е да превземат обврски и да ги исполнат,“

рече Дикарло по средбата со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски која укажа во кои области освен политичкиот дијалог треба да се стави акцент во натамошната работа

„Судските реформи каде треба уште да се направи, имплементација на законот за полиција, спроведување на охридскиот договор, процесот на децентрализација, но доста работи се и реализирани досега“

На прашањето дали Мкаедонија ке добие покана на следниот самит на НАТО во Букурешт таа вели, тоа зависи од Македонија и додава

„Знаете нато самитот е во април наредната година и се надеваме дека во тоа време, Македонија ке ја презентира на најдобар начин кандидатурата, но останува и уште многу да направи“

За тоа дали Грција би го употребила правото на вето ако не се реши прашањето за името Ди Карло изјави

„Знаете за прашањето за името, ние ги поддршуваме преговорите што се во тек, сакаме двете страни да постигнат договор за ова прашање, но како што знаете ја поддржавмае Спогодбата мегу Македонија и Грција од 1995 која предвидува дека земјата може да влезе во меѓународните регионални организации под референцата“

Ди Крало по вчерашбните средби со претседателот и премиерот, денеска која од вчера е во посета на Македонија.
XS
SM
MD
LG