Достапни линкови

Пакистан: Започна гласањето за избор на Претседател


Со бојкот на опозицијата и судири со полицијата во неколку градови на Пакистан денеска во Националното Собрание и регионалните парламенти започна гласањето за избор на Претседател на државата. Се очекува Генерал Первез Мушараф да добие нов 5 годишен мандат. Меѓутоа, Врховниот суд одлучи дека победникот не може формално да се прогласи се додека на 17 октомври Судот не се произнесе за тоа да ли кандидатурата на Мушараф е валидна додека е се уште на чело на воените сили . Мушараф вети дека ако биде избран за Претседател ќе поднесе оставка на местото шеф на армијата.
XS
SM
MD
LG