Достапни линкови

logo-print

Претседателот Црвенковски ги повикува лидерите на четирите најголеми партии на средба


Претседателот Црвенковски ги повикува лидерите на четирите најголеми парламентарни партии утре на средба, за да добие одговори околу настанатите инциденти, кои како што рече, ќе треба да ги понуди во Брисел, на разговорите со највиосоките претставници на ЕУ и НАТО:

„Меѓу другото, од мене, ќе биде побаран и одговорот дали имаме институционален капацитет и политичка волја, дали имаме јасен план и цврсти рокови според кои работите ќе ги вратиме во нормала, односно како и кога ќе можеме целосно да се посветиме на задачите кои не водат во ЕУ и НАТО“

рече Црвенковски.

Насилствата кои се случија минатата недела во и надвор од македонскиот парламент се примитивизам кој не доликува на демократско општество, а уште помалку на земја кандидат за членство во ЕУ и НАТО и заслужуваат најостра осуда. Физичкиот напад врз новинарите е директен упад врз слободата на изразувањето, изрази шефот на државата по враќањето од Њујорк.

„Сите виновници кои ги предизвикаа овие инциденти треба под итно да се соочат со својата кривична и политичка одговорност. Само на тој начин може да се создадат предуслови за обновување на довербата во институциите.“
XS
SM
MD
LG