Достапни линкови

Македонскииот пазар не е подготвен, единствени експертите и домашните компании


Првично домашните компании, негативно реагираат на најавата за слободна набавка на струја на пазарот, реформи што ги предлага Владата односно државното претпријатие Електрани на Македонија. Со овој предлог сите компании сами ќе мора да си купуваат струја на пазарот, по пазарна цена, наспроти сегашната ситуација кога цената на струјата ја регулира Регулаторната Комисија. Иако сеуште немаат доволно информации за условите и начинот како ќе се регулира ова прашање бизнисмените од земјава, сметаат дека тоа дополнително ќе им ја отежни работата.

„Јас мислам дека ќе доведе до потешкотии заграѓаните. Стариот начин беше подобар. Не знам како ќе биде отсега,“

посочува бизнисменот Александар Митевски. Несогласување, неизвесност како ќе го води производствениот процес изразува и еден друг македонски стопанственик:

„Прво, колку ќе биде сигурно? Дали ќе може да најдеш струја сам? Сега ни е сигурно дека има струја, а сметката сами си ја плаќаме.“

Според барањето на ЕЛЕМ за измена на законот за енергетика, од први јануари годинава македонскиот пазар би се либерализирал за набавка на струја. Експертите велат дека државата сеуште не е подготвена за ваков чекор. Професорот од Електротехничкиот факултет Константин Димитров објаснува:

„Македонскиот пазар не е подготвен. Не се дефинирани тарифните правилници според новите услови. Не е јавно дефинирано дека треба прво да се средат работите меѓу трите големи компании, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН ЕСМ.“

Иако либерализацијата на енергетскиот пазар се применува во некои земји од соседството, професот Димитров вели дека Македонија е далеку зад овие земји и неможе да се прави споредба:

„Не можеме да пресликаме. Друго е Грција, Романија и Бугарија. Не може да се споредуваме со нив. Постојат квалитативни разлики.“

На владиниот предлог за либерализација на енергетскиот пазар, реагираат од ЕВН, Електростопанство на Македонија, бидејќи оттаму сметаат дека со либерализација на пазарот ќе се предизвика ценовен шок.
XS
SM
MD
LG