Достапни линкови

Доколку ХАЧ не го испочитува рокот ќе победи СЕНКАП, велат од Министерството за економија


Иако претходно Владата цврсто стоеше зад транспарентноста на тендерската постапка за продажбата на ТЕЦ Неготино, откако во јавноста се појавија информации за сомнителноста на сопственоста на победникот конзорциумот ХАЧ, но и реакцијата на второ рангираната компанија ,,Сенкап“ која тврди дека понудила повеќе пари и подобри услови, ,,брзината,, со која започна продажбата на Термоцентралата почна да се одложува. Од Владата барањето што до прворангираната компанија конзорицумот ХАЧ, да испратат го испрати Министерството за економија, за да достават дополнителна документација за сопственоста на конзорциумот сепак го бранат со ставот дека станува збор само за технички момент и стојат на тоа дека целиот процес при тендерската постапка бил транспарентен:

„Апсолутно владата стои зад одлуката која што си ја има донесено. ТЕЦ Неготино и натаму ќе продолжи со својата дејност и избраната компанија има рокови кои што треба да ги следи и според тендерот, но и според бизнис планот што го има предложено.“

Изјавува владиниот портпарол Ивица Боцевски. Но, денеска владата треба да одлучи дали ќе го прифати барањето на ХАЧ за одлагање на рокот до 10 октомври за доставување на дополнителна документација. Во случај како што ни изјавија од Министерството за економија, Владата да го отфрли ова барање, или пак го прифати, а конзорциумот Хач не го испочитува овој рок, тогаш второ рангираната во случајов компанијата Сенкап ќе ги биде победник на тендерот за продажбата на ТЕЦ Неготино. Според експертите овие дополнителни моменти и барања „фрлаат сенка“ врз транспарентноста на целиот процес на тендерската постапка, што Владата велат можеше да ги отфрли доколку од самиот старт на процесот направеше реална проценка за фирмите кои што учестуваат на тендерот:

„Намерата им била да влезат во валкани игри во кои што сега неуспеваат да го крај сценариото да го разработат. Воопшто нема во Македонија политичка воља да се прекине со манипулацијата при тендерите за продажба на државните имоти.“


Посочува експертот Џевдет Хајредини. И домашнтие бизнисмени велат дека државата сеуште не ја вовела праксата за целосна транспарентност при организација на одредени тендери. Бизнисменот Кирил Богоевски вели дека на помалите тендери на кои како фирма учестувале немале поголеми проблеми, но не ја исклучува можноста дека има манипулации кога станува збор за поголеми од државно значење тендерски постапки.

„За тие големи работи сигурно има и некои преддоговори, барем така се кажува, но прашање е дали тоа е така.“

вели Богоевски.
XS
SM
MD
LG