Достапни линкови

Њујорк: Претседателот Црвенковски од денеска на 62-та сесија на Генералното собрание на ОН


Претседателот Бранко Црвенковски од денеска до 27-ми овој месец ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на 62-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. За денеска е предвидена средба со генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун. Црвенковски, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе има обраќање пред Генерално собрание, посветено на милениумските развојни цели. За време на престојот во Соединетите држави македонскиот претседател ќе има средби и со повеке претседатели на држави и со претседателот на Американско-еврејскиот Конгрес, Џек Розен. Ке присуствува и на приемот што по повод 62-то Генерално собрание го приредува американскиот претседател Џорџ Буш. Шефот на државата ќе има средба и со Метју Нимиц, посередникот во спорот за уставното име со Грција. На покана на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, претседателот Црвенковски ќе учествува на третиот годишен состанок на Глобалната иницијатива.
XS
SM
MD
LG