Достапни линкови

Оливера Китанова, државен правобранител на Република Македонија. Приватизацијата на „Фершпед“ во делот на државниот капитал најверојатно е незаконска


Судската постапка која на ваша иницијатива започна околу случајот „Фершпед“ е во тек, па на ваше барање нема да изнесуваме детали околу случајот, но би ве замолила за вашето мислење. Зошто оваа приватизација не беше отворена цели 12 години иако постоеја многу шпекулации околу нејзиното спроведување и дали сега се создадоа одредени предуслови за таа да биде отворена?

По однос на прашањето за „Фершпед“, откако ја поднесовме тужбата, а тоа беше на 24 август 2007, јас инсистирав да не се даваат многу изјави околу оваа тужба и предлогот за времена мерка, не од друга причина, туку затоа што предметот е во судска постапка, веќе почната и не би било упатно да се коментира било што за да не се создаде директно или индиректно влијание врз судот. По однос на тоа зошто сега ја почнавме постапката, ќе ви кажам дека повеќе од шест месеци работевме на предметот, и во неколку наврати јас тоа го кажав. 95 насто од доказите, барем ние така сметаме, се прибавени и од истите произлезе, и упатуваат на тоа дека приватизацијата на „Ферпшед“ условно кажано, за тоа ќе се произнесе судот колку ние сме биле во право или не, е незаконска во делот на државниот капитал. Понатаму не би било упатно да коментирам, судот ќе каже со својата одлука колку државното правобранителство е или не е во право.

Случај „Окта“ кој стана актуелен по пресудата на Парискиот суд и по обновената иницијатива на анти корупциската комисија за покренување иницијативи против инволвираните во купо продажниот договор. Мене ме интересира дали вашата институција има ингеренции и намера да покрене иницијатива за преиспитување на купопродажниот договор за „Окта“?

Во моментов такви планови не се во оптек, но доколку некоја од соодветните институции тоа го побара од нас, значи доколку се создадат услови и иницијатива државното правобранителство, во рамките на своите надлежности ќе постапи по иницијативата и барањето. По однос на пресудата на Арбитражнито суд во Париз, беше формирана работна група, во која зедоа учество претставници од Министерството за економија, финансии, беа вклучени во работата по овој предмет експерти од соодветни области имаше претставник и од јавното правобранителство. Пресудата е таква каква што е, за жал, од државата се бара енормна отштета. Државата и владата, верувам дека заедно со државното правобранителство и сите други експерти верувам дека ќе сторат се во доменот на надлежностите, во доменот на расположливите правни средства, оваа отштета да се намали.

Дали може да се очекуваат нови инивијативи од ваша страна, околу преиспитувања на спроведени приватизации?

Вака да кажам, државното правобранителство и во минатиот период имаше голем број предмети каде што се бараше наше постапување по однос на преиспитување на законитоста на одредена приватизација. Ќе има и натаму. Приватизацијата е при крај, доколку се поднесат иницијативи, барања и предлози, државното правобранителство во рамките на своите надлежности, ќе ги преиспита сите тие барања, ќе прибере докази, и доколку утврди дека навистина има релевантни податоци за незаконски приватизации секако дека ќе покренеме соодветни постапки. Секаде каде што ќе се побара од нас одредена активност во рамките на надлежностите ќе го сториме тоа.

Дали во овој момент можете да кажете дека за одреден случај имате прибрано доволен број докази и дека може да се очекува ново преиспитување на одредена приватизација?

Во моментов не би се впуштала во тоа.

До сега постоеше практика на државно и локално ниво, правобранители да бидат споменувани како дел од големи афери. Што е тоа што го доведува правобранителството во таква позиција и му овозможува од заштитник на интересите на државата да работи понекогаш против нив?

Јас не би се сложила дека во најголемите афери сме биле учесници. Знаете како, државното правобранителство постои 50 години и во него работат врвни професионалци. Точно е дека имаше неколку предмети коишто малку ни го нарушија угледот, јас тоа секогаш го истакнувам, но сите не може да се подредат во еден кош, тоа го мислам за целото судство. Во судството исто така работат чесни луѓе, кои совесно и ажурно си ја вршат работата. Онаму каде што некои од нашите колеги згрешил, не значи дека секогаш се работи за грешка од лична корист. Има огромен број предмети во правобранителство, некогаш од невнимание, преголем обем на работа, од брзање, но ако сето тоа не е за лична корист, сметам дека се исправливи грешки. Оние предмети коишто малку го нарушија угледот на правобранителството, за добар дел од нив, ние покренавме постапки за обновување на постапките, или евентуално против извршувања, се во интерес на заштита на државата и враќање на одредени средства.

Имате ли сознанија дека некои од нив кривично ќе одговараат?

Па вака, за кривичниот прогон е надлежен јавниот обвинител. Се водеше постапка против заменик правобранител за подрачјето на Скопје. Постапката е по жалба до Апелацискиот суд, имеше одредени дејства и до заменик во Велес, но тоа велам се неколку случаи за кои се надевам дека нема да се повторат.
XS
SM
MD
LG