Достапни линкови

Македонската дипломатија и натаму политичка, а не професионална, сметаат експертите


Во недостигот на соодветно образование и стручен кадар, како и во политизацијата на дипломатската дејност, експертите ја гледаат вината за слабостите на македонската дипломатија. Не смееме да дозволиме одредени инциденти во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во други земји, да го нарушат нејзиниот меѓународниот углед, порачува Димитар Мирчев, поранешен амбасадор во Словенија

„Практиката која постои е резултат на политизираност во дипломатијата, на краткотрајни потези што ги презема една, друга, трета влада и слично. Мислам дека се работи за необразованост и непрофесионалност во таа сфера.“

Со ваквиот став се согласува и проф. Иљбер Сеља од Штуловиот унизверзитет, според кој надлежните органи треба да внимаваат на селекцијата на дипломатскиот кадар во македонските козуларни претствништва, иако посочува дека постојат поединци кои професионално ја извршуваат својата работа.

„Доаѓаат политички луѓе во нашите амбасади. Нема компетентни луѓе. Многу е важно дипломатите да бидат експерти и да имаат добро образование.“

Експетите се согласни дека какви било непријатни случувања кои се поврзуваат со име на македонски дипломатски претставник , негативно влијаат на имиџот на земјата во меѓународните кругови, што од друга страна може да го попречи влезот на Македонија во евроатлатските структури

„Се создава голема штета за претставата за Македонија. Ние сме мала земја, под мониторинг на меѓународната заедница.“
„Тоа не е интерес само на една партија, туку на целата држава, да има стручни амбасадори,“


изјавија Мирчев и Сеља

Од министерството за надворешни работи велат дека работата на дипломатските претставници редовно се следи и тоа преку внатрешен ревизор кој ја контролира финансиската работа на дипломатите, и преку 17 директорати задолжени за различни области.
XS
SM
MD
LG