Достапни линкови

Дел од граѓаните би пријавиле корупција


Преку медиумска кампања Владата ги охрабрува граѓаните да пријавуваат корупција во државните институции.По повеке од една недела промоција на безплатните линии, граѓаните велат дека би пријавиле случај на корупција,но и дека се нашле во ситуација кога требале да подмитат за да побрзо си ја завршат работата.

„Дали вие сте дошле во ситуација да треба да подмитите за да завршите работа?“
„Сум дошол, многу пати.“
„Јас би пријавил сум подмитувал и земале мито од мене.“
„Сум гледал многу митаџии покрај мене и тоа оргомни.“


Но некои од анкетираните граѓани пак велат дека немаат кого да пријават за корупција,бидејки како што велат тие, целата држава е корумпирана.

„Сите прават мито, зошто да го пријавам?“
„Не, сите крадат, кого да пријавиме?“


Од Владата велат дека една недела по стартот на кампањата „Македонија без корупција“ па се до денеска во земјава се регистрирани околу 250 повици на бројот 199 за пријавување коруптивни случаи.Тие исто така велат дека дневно примаат околу четириесетина повици и дека од 80-90 отсто од повиците луѓето што пријавуваат коруптивни случаи сакаат да ја достават својата документација до надлежните органи и да соработуваат во истрагата.

Засега Македонија е на 103-то место од 159 држави на светската листа на корупција што годишно ја објавува "Транспаренси интернешнал", со индекс од 2,7

Од регионот на Западен Балкан, Македонија го зазема деветтото место по корупција и по неа е само Албанија. Најдобро рангирана е Бугарија на 55. место во светот, на 65. место е Турција, а на трета позиција на Балканот и 75. на глобалната листа е Хрватска. По нив се Романија, Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора. Македонија првпат беше рангирана на оваа листа во 1999 година и тогаш го заземаше 65. место. Најмалку корупција во светот има во Исланд, второто место го држи Финска, која лани беше лидер, на третата и четвртата позиција се Нов Зеланд и Данска и петта е Шведска.
XS
SM
MD
LG