Достапни линкови

Ал Каида и натаму активна


Во месеците по терористичките напади на 11 септември 2001 Соединетите држави велеа дека имаат успех во борбата со Ал Каида. Американските сили уништија транинг бази каде што исламскиот режим дозволуваше Ал Каида да дејствува во Афганистан, луге бликси до Осама бин ладен беа уапсени, вклучувајки го и Кхалид Шеик Махмуд кој наводно ги планирал нападите на 9/11. Но шест години по нападите, Ал Каида и нејзините сипматизери низ светот се се посилни и покрај напорите во борбата против тероризмот предводена од Соединетите држави.

Пролетта 2003 американскиот претседател Џорџ Буш рече дека Соединетите држави го направија главниот чекор во борбата против терористичката мрежа Ал Каида.Беше соборен и режимот на Садам Хусеин, а Буш во Кемп Дејвид во близина на Вашингтон го пречека и пакистанскиот претседател Первез Мушараф

„Благодарејки на лидерство на претседателот Мушараф, на фронотот на Ал Каида ние го уапсивме главниот на операциите на Ал Каида. Лугето како Кхалид Шеик Мухамед веке не се закана за Соединетите држави или Пакистан.“

Во годините оттогаш Ал каида донесе нови лидери кои ги заменија претходните и терористичката мрежа продолжи со нападите низ светот, од Лондон, Мадрид, Истамбул, па Ирак, Афганистан и Алжир.
Каква е и што прави сега Ал Каида? Магнус Ренстроп, експерт за тероризам од Шведскиот колеџ за национална одбрана вели

„Несомнено, многу посилна, изразено посилна отколку што беше“

Во извештајот за глобален тероризам од Стејт Департментот објавен пролетва се вели дека 14 илјади напади се случиле во 2006, главно во Ирак и афганистан, загинале 20 илјади лица, од кои две третини во Ирак. Според бројките од извештајот, имало 3 илјади повеке напади отколку во 2005.
Ренстроп смета дека војните предводени од америка во Ирак и афганистан придонеле за поголема поддршка за Ал Каида и слични групи низ исламскиот свет и Европа каде живеат милиони муслимани.
Како и да е, тој смета дека апсењата на лица од Ал Каида, комбинирано со подобрени безбедносни мерки од западните влади, спречени се терористичките групи да изведат како што вели стратешки напади.

„Направивме многу апсења. Ние всушност ја намаливме способноста на Ал Каида. Од тој аспект гледано ние знаеме повеке, имаме поголемо чувство за носење одлуки, за тоа како изгледаат тие мрежи.“

Сепак Ал Каида има се повеке сипматизери. Европа каде има многу муслимани, можеби е и најранлива цел. Ренстроп ја издвојува посебно Велика Британија каде многу муслимани се од Пакистан. Оттука се поставува прашањето како да се успее во борбата против Ал Каида. Ренстроп сугерира поголема мегународна соработка која ке ги вклучува не само владите и воениот дел, туку и цивилното општество, судството и полицијата.
XS
SM
MD
LG