Достапни линкови

Училиштата прво треба да се реконструираат, а потоа да се компјутеризираат


Владини претставници посетија неколку училишта низ државава за да го означат стартот на проектот „Компјутер за секое дете.“ За многумина амбициозен проект за амбиентите кои се сеуште актуелни во многу училишта во земјава. Во 33 училишта кои се најдоа на приоритетната листа на Министерството за образование сеуште се во тек градежните работи. За подобрување на основните услови за престој на учениците имаат потреба многу повеќе од оваа бројка. Компјутерите се современа неопходна потреба на училиштата во Македонија за чие масовно воведување како што најавува владиниот проект, веројатно ќе беа потребни повеќе подготвки, смета директорката на основното училиште Мите Богоевски од Ресен, Мила Гулеска, Нонеска:

„Не постојат оптимални услови за компјутеризација. Треба прво да се направат подготовки, па после тоа да дојдат компјутери. Претпоставувам дека низ Македонија многу училишта се постари. Нашево училиште на пример е 60 години старо, електричната инсталација е стара колку и самата зграда и сега замислете на таква мрежа какво оптеретување би биле компјутерите.“

Постои расчекор во обезбедените услови во училиштата и поради нивната нерамномерна вклученост во проектот модернизација, вели Гулеска Нонеска.

„Сигурен сум дека може да се направи посериозен пристап за нормални услови на наставата, вака мислам дека само со изолирани проекти мислам дека се работи на некој начин во доменот на оној живот што го живееме во Македонија.“

Додава градоначалникот на општина Ресен Димитар Бузлески. Портпаролката на Министерството за образование, Дрита Мамути вели дека министерството ги вложило сите потребни напори со помош на донаторите да ги подготви училиштата за стартот на новата учебна година и дека отпочнувањето на проектот „Компјутер за секое дете“ нема да ги фрли во сенка овие потреби:

„Мислам дека нема да има пречка реконструкцијата со овој проект. Затоа што тоа се две различни работи одат во различни буџетски стапки и паралено се работи и врз двете работи.“

Работна група од Министертвото за образование ќе ги провери условите во училиштата за спроведување на проектот за компјутеризацијата, а таму каде што не постои соодветна инсталација соодветно ќе интервенира. Мамути смета дека тоа ќе биде завршено до рокот за завршување на проектот 31 март 2008 година.
XS
SM
MD
LG