Достапни линкови

Ал Каида има симпатизери кои не се дел од мрежата во БИХ, тврди Рефи Грегоријан


Во медиумите во Босна и Херцеговина зачестија полемиките во врска со постоењето или непостоењето на ќелии на терористичката мрежа Ал Каида. Тоа особено по изјавата на заменик високиот претставник на меѓународната заедница во Босна, Рафи Грегоријан, кој оцени дека постојат соработници на Ал Каида во Босна и Херцеговина, што особено ги разлути бошњачките партии и исламската заедница.

Појаснувајки ја својата изјава дека Ал Каида во Босна и Херцеговина има свои јатаци, првиот заменик висок претставник Рафи Грегоријан, за Радио Слободна Европа изјави дека во глобалната ера на борба против тероризмот и Ал Каида го промени својот начин на работа и оти во Босна има свои симпатизери, но оти тие не се дел од мрежата.

„Она што го кажав претходно е дека постојат луѓе кои имаат врски и симпатии спрема Ал Каида, но не сум рекол дека тие се дел од нејзината мрежа. Ал Каида не е она што беше пред 6 години, па сега сите цивилизирани земји се борат против поединците кои ја симпатизираат таа терористичка организација. “

Државната агенција за ситрага и заштита СИПА, нема податоци дека во Босна и херцеговина би можело да има лица поврзани со Ал Каида, вели шефот на одделот за борба против тероризмот Анер Хаџимахмутовиќ:

„СИПА не располага со информации кои би ги потврдиле наводите на господин Грегоријан. Во сите проверки на одредени лица, досега не сме дошле до податоци за каква било поврзаност со Ал Каида.“

Најжесток одговор дојде од поглаварот на исламската заедница Мустафа Цериќ, кој оцени дека таквите изјави на Грегоријан се исламофобични и оти шрат страв меѓу босанските муслимани.

„Тоа е последица на хистерија која се јавува кај некои луѓе кои кога ќе видат муслиман на улица веднаш им е сомнителен. Мислам дека таа изјава на Грегоријан е непромислена, не смее да се генерализира, бидејки испаѓа дека сите ние што живееме тука стануваме сомнителни.“

Сепак босанскиот новинар Кемал Курспахиќ, кој живее во Соединетите Држави, нагласува дека Босна и Херцеговина премногу често се доведува во врска со најозлогласената терористичка мрежа во светот, па властите во Сараево би требало посериозно да се занимаваат со тој проблем.

„Ако во најкористениот интернет пребарувач ги отчуката зборовите Босна или Ал Каида, ќе добиете над милион документи во кои има глупости, но има и сериозни поводи за размислување. А дежурните политички ултра-бошњаци веднаш одговараат како автоматска телефонска секретарка дека станува збор за анти-исламска параноја и заговор.“
XS
SM
MD
LG