Достапни линкови

Зоран Крстевски, директор на ЈПАУ Македонија. За една и пол година скопскиот аеродром ќе биде модерен


Господине Крстевски, кога Македонија ќе добие пристоен аеродром, односно кога ќе се случи долгоочекуваната модернизација?

Ние горе – долу ги надминуваме проблемите. Имаме потешкотии, но треба да сфатиме дека за Македонија да се доживее како вистинска европска земја и пожелна дестинација за бизнис и туризам, треба и првата слика за неа да биде така. Аеродромот е една од тие врати која најмногу остана впечаток. Кога ќе слетате на несреден аердром, без услови кои ги пружа еден нормален европски и светски аеродром, тогаш и вашата слика за државата е лоша. Ако вашиот таксист ве украде на патот до градот тоа е исто лоша слика. Ние сите проблеми успешно ги решаваме. Најголем исчекор ќе направиме со концесионерството. Се определивме за тој модел и мислам дека за една и пол година Македонија треба да има супер модерен аеродром кој ќе има регионално значење, затоа што таква е позицијата на скопскиот аеродром Александар Велики, особено во остварувањето на транзитната функција, не само кон земјите од запад, туку и на Блиски и среден исток.

Избрана е консултантската куќа НАКО која треба да изработи студија со концесиски модел за развој на двата аеродрома во Скопје и Охрид. Што ќе значи концесионерството?

Владата на Република Македонија направи концепт според кој сака да го динамизира развојот на двата аеродроми, преку форма на концесионерство со директно вложување на концесионерот. Очекуваме дека нивниот концепт ќе биде според нашите потенцијали и наскоро би се објавил меѓународен тендер за концесија. Министерството за транспорт кога постави услови за тендерот за избор на консултант, постави одредени цели кои треба да се исполнат, а тоа е зголемување на категоријата на полетно слетната патека од категорија еден во категорија три. Значи, најсовремена технологија за слетување, полетување и осветлување на пистата. Со тоа би се зголемил капацитетот и за авиони кои до сега го избегнуваа скопскиот аеродром. Можно е заради таквата потреба да дојде до изместување на местото на пистата, односно изградба на нова писта. Исто така, дадена е проектна задача за изградба на нов терминал со капацитет за 1,5 милиони патници.

Колку е ова реално?

Во моментов има подем во авио сообраќајот. Големите аеродроми имаат проблеми со капацитетите, но и со загадувањето и бучавата. Затоа во регионите бараат помали аеродроми за да го растеретат небото. Македонија не треба да е исклучок, затоа што се наоѓа на значајни рути од западот кон истокот.

Има ли заинтересирани концесионери?

Има европски компании заинтересирани. Можеме слободно да ја споменеме германската кокпит, која ги држи под концесија аеродромот во Будимпешта, Атина и Тирана. Потоа, интересот на германскиот концесионер Фрапорт, кој е сопственик на франкфуртскиот аеродром. Силен интерес покажува и виенскиот аеродром, така што мислам дека ќе биде интересна трката.

Пролетва ги намаливте цените на аеродромските такси. Дали претпријатието добива или губи со оваа одлука, со оглед на тоа што не се гледа зголемен сообраќај на аеродрмот?

Ние под критериумот на економското работење не можевме да одиме, затоа што сме на само финансирање. Одевме со потег кој не прави конкурентни во однос на аердромите во регионот. Затоа ние сме поефтини. Но, нема логика да одиме повеќе. Бидејќи патникот што треба да стигне во Тирана, нема никаков избор да слета во Скопје, затоа што патувањето до Тирана е шест часа. Значи, не е само пазарната логика во изборот на дестинациите, туку е комплементарно.

На кој начин може да ги привлечеме ниско тарифните авио компании?

Причините се комплесни, не се само условите на аеродромите, туку и самата држава. Македонија со кандидатскиот статус за ЕУ, и исполнувањето на внатрешните реформи станува нормална држава за тие што сакаат да вложуваат. Сега сме во фаза на преговори со неколку компании, како Џерман Вингс, Берлин Аир, Скај Вингс. Во септември во Стокхолм ќе има берза на авио линии, ќе бидеме и ние присутни, и преговараме, па ќе видиме што од тоа ќе дојде. Очекуваме наскоро во Македонија да почнат ефтини летови.

Аеродромот Скопје е еден од ретките без автобуска линија со центарот на градот. По Нова година најавивте реализација на овој проект, но за сега нема ништо. Што се случува?

Ова е од две причини. Прво, многу малиот интерес на автобуските компании да ја возат оваа релација, што подразбира превезување само на патник со авио билет. Тоа ги ограничува во намерата да ја земат линијата. Ние сега привршуваме еден тендер. Се надеваме дека не есен ќе ги имаме. Тоа е обврска на градот и на локалната самоуправа.
XS
SM
MD
LG