Достапни линкови

logo-print

Скопје: Македонската Влада ќе го искористи правото на жалба за случајот Окта


Македонската Влада има обврска да му исплати на тужителот грчката компанија „Хеленик петролеум“ над 53 милиони долари врз основа на одлуката на Арбитражниот суд во Париз, но ќе го искористи правото на жалба, информира денеска владиниот портпарол Ивица Боцевски. Според Боцевски, случајот не е завршен и позициите на државата ќе бидат бранети до завршување на целата постапка. Портпаролот најави и оти за случајот со ОКТА ќе биде побарана одговорност од сите што биле инволвирани од македонска страна од моментот на потпишување на купопродажниот договор па до неговото еднострано раскинување без да се земат предвид правните последици.
XS
SM
MD
LG