Достапни линкови

logo-print

Нова полтичка криза меѓу владата и секуларниот естаблишмент?


Дали престојниот избор на новиот турски претседател ке значи нова политичка криза меѓу владата со исламски корени на Реџеп Таип Ердоган и секуларниот естаблишмент во Турција. Според аналитчарите криза нема да има, или барем не на почетокот во врска со изборот на наследникот на секуларистот Ахмед Неџет Сезер.

Дали изборот на наследникот на Ахмед Неџет Сезер ке предизвика нова криза меѓу секуларниот естаблишмент и партиајта на Правдата и равојот на премиерот Реџеп Таип Ердоган партија со исламски корени која освои апсолутно мнозинство на предвремените избори за кои причина токму беше изборот на турски претседател во Парламентот. Еве што вели британскиот аналитчар Дејвид Барчард од Институтот за Политика ТЕПАВ од Анкара.

„Не баш. Ние сме сега во помирни води. За почеток јасно е дека ќе има кворум – двет третини за да се одржи гласањето. Тоа значи не може да има опструкции во Паралемнтот. “

Меѓутоа дали муслиманското фереџе ке влезе во претседателската палата во Анкара за прв пат во модерната историја на Турција. Имено, ако кандидат на владеачката партија остане Абдула Ѓул тогаш Да. Тој и неговата сопруга живеат според строгите правила на исламот. Ѓул јасно стави на знење дека сака да стане претседател. Меѓутоа Барчард вели дека премиерот Ердоган ке биде силно притиснат да се откаже од вториот обид неговиот министер за надворешни работи да стане претседател на Турција.

„Мое лично мислење е дека ке завршиме со господин Гул и тоа не по долг изборен процес. Можеби две три рунди гласање највеќе. Но има и други луѓе кои сметаат дека треба да се избере компромисна фигура за претседател.“

Според аналитичарот Барчард изборот на Абдула Ѓул ќе предизвика сериозни промени во Турција и промени започнати од таткото на модерната држава Мустафа Кемал Ататурк.

„Проблемот е што Ѓул и припаѓа на исламското крило на партијата. Неговата сопруга носи фереџе. Тие се посветени на тој стил на живот и нивното присуство во палата ке го смени целосно протоколот во земјата од дното до врвот и Турција бргу ке стане понакво место. И во тоа лежи стравот на средната класа, на цивилните службеници, на сите оние кои му се противат на Абдула Ѓул.“

Мустафа Кемал Ататурк кој во 1923 ја основаше модерната турска држава носењето фереџе го нарече осуда за жената и сериозна противставеност на цивилизирана нација. Но времињата во Турција се менуваат. Кандидатот за претседател Абдула Ѓул потсети дека на митинзите луѓето извикувале Ѓул за Претседател, а тој не сака да биде слеп за вољата на народот.
XS
SM
MD
LG