Достапни линкови

Најкритично е во градежништвото


Во земјава, законот за заштита при работа не се почитува признаваат и надлежните институции и работниците. Посебна гранка во која најмногу се прекршува овој закон е градежништвото. Од синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање укажуваат дека работниците во приватните градежни фирми се небезбедни и токму затоа не е мал бројот на градежни работници кои својот живот го загубија на работното место.

„Се врши една класична тортура. Почнувајќи од психо физичката тортура, луѓето земаат многи мали лични доходи и работат барем во лето, кога и здравствените работници апелираат да не се изложуваме на сончеви зраци работат и по 12 и 14 часа. Целосно не се почитува законот за заштита и безбедност на здравјето на работниците и како резултат на тоа доаѓа до големи последици, до тешки повреди и за жал и до смртни случаи,“

вели претседателот на Синдикатот за градежници, Павел Трендафилов.

Некои од сопствениците на градежни фирми признаваат дека на своите вработени не им ја укажуваат потребната заштита.

„По саеми гледам какви појаси има за спасување од висина, кабаници за од дожд, сето тоа е присутно во мојата фирма, но не можеме да ги заштитиме луѓето колку што е голем ризикот,“

изјави Лазо Стојменов, сопственик на градежна фирма, кој признава дека во непочитувањето на законот, вина имаат и работодавачите, за кој купувањето на заштитна опрема претставува допоплнителен трошок.

„Тоа е точно, што сега да кажуваме дека имаме се обезбедено, кога гледаме да поминеме поефтино.“

И работниците на терен велат дека не се чувствуваат безбедни на работното место.
Но поради потребата да дојдеме до заработувачка, немаме време да размислуваме за моните ризици, вели еден градежен работник.

„Градежништвото за нас е такво какво што е. Еден работник дошол од Струмица, од Свети Николе, не знам од каде, на 1,200 метри надморска висина и ако не земе барем 12 до 13 илјади денари, зошто му е работата?“

Од трудовиот инспекторат велат дека утврдуваат прекршување на законот за заштита при работа. Оттаму велат дека најчесто им се укажува на сопствениците за недостатоците и според нив, во најголемиот број случаи прекршоците настанале поради неинформиранот на работодавачите. Законот предвидува најмалата казна од 1000 евра доколку се утврден прекршок на работното место.
XS
SM
MD
LG