Достапни линкови

Бучковски ќе се брани од слобода


Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски нема да биде притворен и ќе се брани од слобода во врска со кривичната пријава против него за злоупотреба на службената положба при набавка на резервни делови за армиските тенкови Т-55 добиени како донација од Бугарија во 2001 година, со што државниот буџет бил оштетен за околу три милиони евра, одлучи истражната судијка Катица Јовановска.

„Ја добивме битката за слобода, продолжува битката за демократија и за правна држава. Мислам дека е ова зрак на надеж дека судството може да одолее на политичките притисоци,“

изјави Бучковски по неколкучасовниот распит во Основниот суд - Скопје 1.

Во текот на распитот пред Судот беа пратеници од СДСМ, членови на партијата, роднини и пријатели на Бучковски, а имаше и засилено полициско обезбедување.

Бучковски беше повикан пред истражен судија откако собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања вчера го прифати судското барање за одземање на неговиот пратенички имунитет, по поднесената кривична пријава од Финансиската полиција.
XS
SM
MD
LG