Достапни линкови

Бојкотот ќе се одрази негативно на гласачите, сметаат експертите


Попладне потпреседателите на поголемите политички партии повторно во Клубот на пратениците ке разговараат за деблокирање на судските реформи. На средбата на која ке присуствува и преставник од Кабинетот на претседателот нама да учествува ДПА. Образложението кое вчера стигна од генералниот секретар на оваа партија Имер Алиу е дека тие се револтирани од изјавата на шефот на државата Црвенковски кој инсистираше мегународната заедница да не присутвува на средбите. ДУИ пак кои не беа на претходните договарања на попладневната средба ке ги преставува потпреседателот Рафиз Алити:

„Нашиот став е познат, зошто ние не присуствуваме на тие средби. Сметавме дека од страна на опозицијата треба да има еден или двајца претставници. На тие средби присуствуваа многу лидери, кои според нас не требаше да присуствуваат,“

ги образложува причините за неприсутвото Алити.

Според потпретседателот на Социјал Демократскиот Сојуз Јани Макрадули не е во ред бојкотирањето на овие средби зошто како што вели од нив зависи нашето интегрирање во Европската Унија и во НАТО

„За жал, преку судскиот совет, повеќе се влечат политички поени за остварување на други цели, отколку за вистинското решение. ДУИ си имал свои причини минатиот пат, сега ДПА е налутен нешто на премиерот, па не доаѓа, бара причина на друго место итн.“

Партиите нема да добијат никакви политички поени со ваквото однесување затоа што граганите не им дале мандат да ги кочат политичите процеси смета аналитичарот Осман Кадруи

„Јас сметам дека на прво место во овие односи, се односи на некакви препукување и реваншизам меѓу партиите, а не некој друг интерес, најмалку државен. Сметам дека има недоразбирања меѓу самите партии,“

објаснува Кадриу

На денешната средба која како што вели Алити била договорена на минатонеделната вечера кај амбасадорот на Европската Унија Ерван Фуере владеачката ВМРО ДПМНЕ ке биде преставена од потпреседателот Зоран Ставрески.
XS
SM
MD
LG