Достапни линкови

Скопјани велат градот го изгуби препознатливиот изглед од пред земјотресот


Скопје повеќе не е како порано. Градот го нема препознатливиот изглед, а архитектурата што го правеше посебен, денес е загубена во неплански градби, Вка Вака Скопјани го опишуваат Скопје денес, и иако изминаа 44 години од трагедијата, дел од нив се сеќаваат како да било вчера:

„Да, на самиот момент сетивме како да се губи контрола под нозете.“

„Бев да купам нешто, кога се вратив почна да тресе. Спиевме овде во Жена парк.“


Скопје не личи на метропола, велат повозрасните граѓани кои со носталгија се присетуваат на градот пред земјотресот. Тогаш имаше зеленила, улиците беа чисти, луѓето беа среќни и повеќе се дружеа. Во денешната урбана џунгла се изгуби духот на градот, велат тие.

„За жал не личи сега, Скопје има сосема друга архитектура.“

„Дојдов во Скопје 1968 година, беше преубаво. Но, сега каде ни е зеленилото, нема ништо од тоа.“

„Нечист град, а го сметаат за метропола.“


Иако признаваат дека по катастрофалниот земјотрес, градот никогаш повече нема да биде ист, за некои од граѓаните и денешната слика на Скопје е посебна:

„Убаво е сега, средини се работите.

„Центарот е убав, средено е.“


Над 1000 лица ги загубија своите животи, а 3000 беа повредени во земјотресот од 1963 година. Преку секаков вид помош, хуманитарните организации од многу земји во светот активно се вклучија во обновата на градот, а Скопје стана познат како град на меѓународната солидарност.
XS
SM
MD
LG