Достапни линкови

Исламабад: Убиен пакистански командант во судирите со студентите од Црвената Џамија


Еден командат на пакистанските безбедносни сили е убиен во денешните судири со радикалните вооружени студенти од Црвената Џамија во Исламабад. Претседателот на Пакистан Первез Мушараф вчера ги повика студентите да се предадат или во спротивно ќе бидат убиени. Мушараф исто така апелираше веднаш да ги предадат жените и децата што според пакистанските власти, активистите ги држат во заложништво како жив штит. Во судирите меѓу радикалните вооружени студенти и пакистанските сили што започнаа на почетокот од мината недела, досега загинаа најмалку 20 лица.
XS
SM
MD
LG