Достапни линкови

Косовското прашање ќе го спречи апсењето на преостанатите лица обвинети за воени злосторства


Главната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте сугерира одлагање на донесувањето одлука за статусот на Косово. Според неа, косовското прашање е политичко и тоа ќе го спречи апсењето на пресотанатите лица кои се обвинети за воени злосторства.

Изјаснувањето во Советот за безбедност на Обединетите Нации за независност на Косово би ја нарушила српската соработка со Хашкиот трибунал во апсењето на главните обвинети за злосторствата во Босна Ратко Младиќ и Радован Караџиќ, изјави во Њујорк главната обвинителка Карла дел Понте откако претходно поднесе извештај во Советот за безбедност за работата на обвинителството на судот во Хаг и ја поздрави соработката на Србија. Според неа, станува збор за политичко прашање и затоа би било подобро доколку одлуката за Косово не биде донесена сега. ,,Се надевам дека која е да е одлука и времето на нејзиното донесување нема да ги загрозат тековните напори да се уапсат хашките бегалци,, изјави таа, додавајќи дека во Советот за безбедност оценила оти апсењата на генералите Здравко Толмир и Властимир Ѓорѓевиќ покажуваат дека Србија е посветена на соработката со Трибуналот.

„Овие апсења покажуваат дека приврзаноста на Србија во целост да соработува со мојата канцеларија. Би додала дека Србија главно позитивно одговори на повеќето барања од Хашкото обвинителство за доставување материјали неопходни за истрагата.“

Изјави дел Понте потсетувајќи дека без апсењето на простанатите четворица обвинети, пред се Ратко Младиќ и Радован Караџиќ, не може да биде задоволена правдата во целост. ,,Веруваме дека тие сега се наоѓаат во Србија или во близина на Србија. Немам информации каде е Караџиќ, но вознемирувачки е тоа што ниту една од српските служби не ги бара активно,, изјави Карла дел Понте, додавајќи дека меѓународната заедница ги пропушти можностите за апсење на Караџиќ и Младиќ меѓу деведесет и петата и деведесет и осмата година.,,Сега кога времето одминува таа меѓународна помош ни е многу потребна. Советот за безбедност и Европската Унија можат силно да ги поттикнат земјите од поранешна Југославија конечно целосно да соработуваат со Трибуналот,, изјави дел Понте во нејзиното последно обраќање на Карла дел Понте во Советот за безбедност, бидејќи во септември годинава, заминува од функцијата главен обвинител на Хашкиот трибунал. Притоа таа прецизирајќи дека во нејзините два мандата биле уапесни деведесет и еден обвинет и оти биле изречени пеесет и осум првостепени пресуди изрази задоволство од постигантиот напредок во, како што рече, спроведувањето на меѓународната правда.
XS
SM
MD
LG