Достапни линкови

Иџет Мемети, Народен Правобранител. Соработката со судовите и полицијата е подобрена, но далеку од идеална


Г-дине Мемети дали по скоро 10 години откако Македонија доби свој Народен правобранител, оваа институција ја оствари својата цел?

Можам да кажам дека од година во година, бројот на завршени односно бројот на наши одлуки што се прифаќаат од ограните и свеста на органите дека некој е добро да ги контролира, расте. Но, тешко е да се каже и не е во ред да се каже дека оваа институција ја постигна целта, затоа што оваа институција треба да се зајакне и со други органи во општеството, а секако и во себе треба да се зајакне со нови капацитети, нови можности по однос на заштитата на човековите прва.

Да го поткрепиме ова со официјални бројки. Колку претставки годинава се поднесени од граѓаните?

До денеска ние имаме добиено 1500 преставки од граѓаните. Во извештајот што лани беше подготвен, околу 800 граѓани ги остварија своите права, односно успеавме да им ги заштитиме правата на околу 800 граѓани.

Минатата година 153 преставки сте имале од граѓаните во областа на урбанизмот и градежништвото. Имаше многу афери, како Фиком, Самарија, Кинески ѕид и слично. Од нив биле успешно решени само осум, зошто толку малку?

Поголемиот дел од преставките во оваа област се однесуваат на дивоградбите, а помал дел од нив, околу 25%, од нив се однесуваат на она што значи на промена на урбанистичките планови или недобивање одобрение за градба итн. Ние за оваа проблематика бидејќи и 2005 и во 2006 година навистина беше голема бројката по однос на препораките кои што не беа спорведени од страна на Министерството за транспорт и врски и Владата, упативме информација до нив во кое баравме да се спроведат нашите препораки, во кој се препорачуваше уривање на дивоградбите. Но, секогаш добивавме одговори дека во буџетот нема средства за таа намена и поради тоа надлежните и покрај тоа што ги прифаќаат нашите препораки, неможат да ги спроведуваат.

Неколку пати во јавноста се пожаливте на соработката со МВР, дали се промени нешто на подобро?

Сеуште има проблеми по однос на информациите кои што се под режим, нашата институција неможе да ги добие со оглед на тоа дека и покрај тоа што е донесен закон за кслафицирани информации, треба да се донесат низа подзаконски акти за да се спроведе, тоа е образложението од МВР. Но, нешто што може да се каже како пресек дали е подобрено, видете 2005 година ние навистина имавме проблеми до таа мерка што и докуметните што беа од јавен карактер, кои не се под режим, ние ниту нив не ги добивавме. Јас сум убеден дека тоа тие беа лични релации на тогашниот Министер за внатрешни работи со мене како Народен правобранител, што мене лично не ми штетеше, но штетеше на општеството. Но, сега таквите проблеми ги немаме затоа што ги добиваме податоците што се од јавен карактер од полициските станици, но далеку сме од тоа како инстиуција Народен правобранител, во целосно надгледување на работите на полицијата посебно во делот на употреба на прекумерна сила на што се жалат граѓаните.

Споменавте за ,,препукувања лични,, кои што некогаш влијаеле на вашата работа. Кога ве избраа за Народен правобранител имаше обвинувања дека човек со политичка кариера и партиска припадност ќе ја претвори иниституцијата во државен орган кој што само ќе врши ,,козметички корекции,,. Колку успеавте да останете имуни на партиски притисоци?

Тешко е кај нас да се свати некој да те контролира, тоа е проблем кој што ние мора да го надминеме, а за жал ќе ни треба уште долго време. Што се однесува до мојот избор и покрај тоа што формално нема никаква пречка, јас сум го почувствувал како хендикеп, но тоа влијаело кај мене како поттик што повеќе да сум непристрасен и објективен. По однос на влијанијата кај мене не успевале...

А ги имало?

Не, немало влијанија како да постапи институцијата, најискрено кажувам, а причина што ги немало е тоа што Народниот Правобранител не носи одлуки, не носи пресуди.

Пред две години излеговте во јавноста со три имиња на судии кои што ги обвинивте дека поради лични интереси ги одолговлекувале судските процеси, баравте нивна смена. Тогаш многу се разбранува судската фела, и иако рековте дека со таквата пракса нема да запрете оттогаш не се појавија нови имиња. Нема повеќе такви судии или можеби сте немоќен да се борите против таквите судии?

Секако дека фронталнта борба против појавите што не се добри во општеството, е најефикасно средство, но за жал во Македонија општеството скоро во секое поле на животот е исполитизирано до таа мера што ги забораваме општите интереси. Сега, да се вратиме назад пред две години кога истапив со јавна критика дека не ,,попречуваат,, во работата од одредени судии кои одредени предмети ги чуваат со години и побарав од надлежните да ја испитаат таа ситуација. Јас се соочив со остри критики дури и од јавноста, пазете еден асистент од Правен факултет кој што напишал магистерски труд за Народниот правобранител си зеде за право, за жал незнам од кои причин, и не би сакал таа причина да е под некое влијание, да каже дека Народниот правобранител не смее да се меша во судската власт. Јас сум убеден дека тоа лице го знае добро законот за Народниот правобранител. Јавноста се спротивстави против институцијата, сметајќи дека судската власт е нешто ,,свето,, и никој не смее да ја ,,чепка,,. Тоа е големата грешка кај нас, затоа што ние многу брзо создавме светци, а многу бргу ги рушиме. Јас ве уверувам дека од тогаш, судиите или претседателите на судовите кога ние се јавуваме да побараме некоја информација, секако по однос на тоа што е наша надлежност за ажурноста на постапките, многу коректно и многу брзо реагираат и не информираат. Ако ме прашувате по однос на другите органи, ние секако дека имаме проблеми. Да се вратиме ,,назад,, кои беа реакциите кога јас ја критикував полицијата, јас тогаш размислував дали да си заминам од функцијата, затоа што луѓето не те сваќаат, неможе на таков начин да се реагира на одуката на Народниот Правобранител, затоа што таа се базира на одредни факти и докази.
XS
SM
MD
LG