Достапни линкови

Малите хидроцентрали не се спас од енертгетска криза


Малите хидроцентрали не можат да ја спасат Македонија од енергетската криза која и се заканува но секој киловат час е добредојден - проценуваат експертите.Професорот од електро техничкиот факултет Рубин Талески вели дека енергијата која ја произведуваат хидроцентралите е важна затоа што е добиена од обновливи извори на енергија кои не ја загадуваат околината

„Меѓутоа, дека малите хидро електрани ќе ни го решат проблемот со снабдување на целиот систем, не можат. Под претпоставка сите 60 да се изградат, тие ќе учествуваат со 1,5 насто од вкупната енергија што ја троши целиот електро енергетски систем.“

вели Талески и додава дека идејата на владата да даде под концесија 400 мали хидроцентрали е добра но не е еконосмки исплатлива

„Теоретски се зборува за 400 мали централи, но реално 200 или 300 може да се изградат што би биле економски исплатливи и не е за занемарување нивното производство, но државата не може да се потпре само на нив.“

Владата на мегународен тендер во првата фаза дава под концесија вода од реките Вардар, Струмица и Црн Дрим на чии сливови би работе 60 мали хидроелектрични централи. Економистите пак проценуваат дека енергетскиот сектор станува се поинтресен за странските инвестири. Според Душан Велковик владата со одредени мерки треба стимулира што е можно побрзо изградба затоа што со тоа би оживеале одредени замрени делови од државава

„На динамиката на развојот тоа е важно, затоа што се градат капацитети, се смалува бројот на невработените и се решава и ублажува проблемот на снабдување со електричната енергија.“

Инаку засега во областа на енегретскиот сектор странците односно австријците ЕВН влегоа во ЕСМ, а во мегувреме најавени се и други инвестиции.
XS
SM
MD
LG