Достапни линкови

Белград: Српското МНР ги осуди изјавите на Македонија и Албанија за Косово


Министерството за надворешни работи на Србија издаде соопштение во кое ,,најостро ги осудува изјавите на министрите за надворешни работи на Македонија и на Албанија, Антонио Милошоски и Љуљзим Баша, во кои тие искажуваат поддршка за предлогот за надгледувана независност на српската покраина Косово,,. Во соопштението на министерството се оценува дека ,,со таквите изјави се прејудицира конечниот статус за Косово,, и дека овие изјави “ може да предизвикаат дестабилизација во регионот и нарушување на основните принципи во ОН врз кои почива меѓународниот поредок“. Милошоски и Баша во петокот се сретнаа во Скопје.
XS
SM
MD
LG