Достапни линкови

Дијалогот пред се мора да се врати во институциите на системот, велат аналитичарите


Недостигот на политички дијалог ја враќа Македонија назад, но тоа незначи дека другите прашања не се актуелни. Проблемот е во тоа што кај нас политичкиот дијалог излегува од институциите на системот, Собранието, комисиите и уличната демократија не се користи еднократно за израз на незадоволноство туку станува секојдневие, на пример излегувањето на ДУИ од Собранието. Вака аналитичарите ја оценуваат состојбата во земјава, каде во последно време политичкиот дијалог се покажа како пречка за функционирањето дома, така и на евроатлантскиот пат:

„Политичкиот дијалог ни е наметнат како приоритет и тоа не е нешто што го бара запад, туку тој треба да си постои. ДУИ излезе од Парламентот тоа е еден знак дека односите можеби не се стабилизирани, во поглед на политичка култура на делување во рамки на институциите каде што би се расправало за проблемите.“

изјавува Жидас Даскаловски професор на политичките студии во Скопје.
За отргнување на политичкиот дијалог како пречка, потребно е функционирање на инситуциите:

“Натамошните договорања треба да продолжат во Парламентот. Тие се избрани од народот и интересите треба да ги бранат и да ги штитат во Парламентот.“

вели експертот Осман Кадриу. За тоа дали недостигот на политички дијалог може да биде алиби за политичките субјекти, пред се на Владата во евентуалното неостварување на проектираните цели во надворешната политика, како на пример недобивање на покана за членство во НАТО што се очекува наредната година, професорот на Факултетот за општествени науки Димитар Мирчев вели:

„Мислам дека во основа неможат да се користат тие аргументи. И второ прашањето дали вистина политичкиот дијалог може да се сведе на прашањето на односите на премиерот и лидеорот на позначајната албанска партија во Македонија или се работи начелно за политички дијалог меѓу најразлични политички субјекти.“
XS
SM
MD
LG