Достапни линкови

Позитивни резултати во реформите во одбраната и регионалната соработка


Министрите за одбрана и за надворешни работи Лазар Еленовски и Антонио Милошоски и началникот на генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски денеска заминуваат во Брисел на состанок со северноатланскиот совет посветен на Македонија. Таму утре министрите ке реферираат за годишните постигнувања во реформите за членство во НАТО, а како што соопштија од министертсвото за одбрана Еленовски и Милошовски ке остварат средби и со генералниот секретар на алијаснта Јап де Хоп Схевер и со амбасадорите во НАТО на Соеднитете Американски Држави, Велика Британија и Германија. Генералот Стојановски пак ке учествува на состанокот на северноатланскиот партнерски совет каде што пред началниците на земјите членки на НАТО и државите од партнерството како претседавач со Јадранаската група ќе реферира за напредокот на Македонија, Хрватска и Албанија

„Нашата намера е да на нашите партнери им покажеме какви добри резултати може да се постигнат кога имаме одлична регионална соработка, не само меѓу овие три држави, Македонија, Албанија и Хрватска, туку и набљудувачите, Црна Гора, БИХ и Србија и мислам дека ќе се претставиме со позитивна слика пред нашите партнери, што е многу важно.“

Инаку во период на очекување за покана за членство армискиот и државниот врв ги засили своите посети и средби со преставниците на земјите членки во алијансата. Генералот Стојановски неодамна престојуваше во посета на Соединетите држави каде што во Пентагон оствари средби со своите американски колеги. Во интервјуто за Радио Слободна Европа кое ке се емитува во недела тој вели дека армијата добила позитивни оценки за мисиите кои ги прака во светските кризни жаришта

„Нивните препораки се однесуваат на тоа дека овој пат што е избран е добар и дека треба да се продолжи во таа насока и дека реформските процеси се позитивно оценети, зборувам за одбраната и дека треба уште поцврста определеност да се изоди тој пат,“

вели Стојановски.
XS
SM
MD
LG