Достапни линкови

Кабул: 13 полицајци загинале во два одвоени напади во Авганистан


Тринаесет полицајци загинале во два одвоени напади што изминативе два дена се случиле во Авганистан. Петмина полицајци загинале денеска при експлозија поставена на пат во провинцијата Газни, а осум полицајци биле убиени во вчерашната шест часовна престрелка која следувала откако од заседа биле нападнати од талибанските бунтовници во западната провинција Фарах.
XS
SM
MD
LG