Достапни линкови

МНР тврди дека ќе ангажира посебна фирма што ќе ги застапува македонските интереси


И покрај напорите на земјава за нејзино претставување и застапеност на нејзините интереси, Македонија сепак се соочува со проблеми. Во американскиот претставнички дом вчера беше поднесена резолуција за Македонија што се однесува на спорот за уставното име со Грција. Токму за лобирање во Америка годинава од буџетот како што информираат од МНР, се одвоија средства за ангажирање на посебна фирма што ке ги застапува македонските интереси, се распиша тендер кон крајот на минатата година, кој беше отворен неколку месеци. Засега други детали не посочуваат. Коментарите се дека е многу краток период да за има резултати конкретно од оваа владина активности.
Аналитичарите со свои видувања за тоа дали Македонија ја губи битката и на што е резултат резолуцијата во Конгресот на Америка, земја која во 2004 не призна под уставното име:

„Тешко е да се каже дека една ваква индикација е доволна за да кажеме дека ја губиме битката. Ми се чини дека Соединетите држави веќе почнуваат да ги покажуваат оние нужни промени кои се последица на промената на власта и односот на силите внатре во Соединетите држави и секако силината на грчкото лоби. Грците одсекогаш имале многу силно лоби затоа што многу пари се влеваат во целата таа работа.“

Изјави Билјана Ванковска професор на Филозовскиот факултет во Скопје. Во резолуцијата се повикува Македонија да избегнува активности со кои ќе се отежне постигнувањето на целта, решавање на проблемот со името, земјава се обвинува за иредентизам кон грчката историја, кршење на Времената спогодба со Грција. Ванковска смета дека не може само Македонија да се обвинува:

„Ако Македонија се обвинува за некаков национализам, за некаква еуфорија во таа смисла, грците тогаш досега тоа милион пати го имаат покажано, меѓутоа никој ненајде за потребно да пишува за нив некаков документ. Од друга страна и ние треба да бидеме самокритични дека можеби во некаков деликатен момент од нашата политичка интеграција начнавме проблеми за кои можеби не беше моментот.“

Аналитичарите укажуваат дека земјава мора да има стратегија за лобирање за да избегне вакви ситуации, а дека за резултати потребно е време:

„Не сум многу оптимист на тој план, треба подолго време за реално да има некаков позитивен резултат.“

Изјави Мерсел Билјали.
XS
SM
MD
LG