Достапни линкови

2,5 милиони долари годишно за учество во странски мисии


Од наредниот месец Македонија со свои војници и во мировната мисија на Обединетите нации во Либан. Финансиските трошоци за плати ке се обезбедат од буџетот на земјава. За учеството во останатите мисии дел од средствата се од буџетите на земјите под чија команда се војниците од Македонија. Од министерството за одбрана укажуваат дека земјава од буџетот издвојува милионски суми, во 2006 учеството во мировни мисии ја чинело Македонија 2,5 милиони долари, а за оваа година се предвидени шест милиони долари. Земјава учествува во мисијата ИСАФ во Афганистан со 130 војници, во Слобода за Ирак предводена од коалиционите сили со 40 војници, во мисијата на Европската унија во Босна и Херцеговина АЛТЕА со 30 војници, а од мај и со двајца војници во мисијата на обединетите нации во Либан.
Експертите укажуваат дека со приближувањето кон Алијансата обврските ке се зголемуваат како во финасиски средства, така и во човечки ресурси. Тие со свој коментар за преземените обврски од страна на Македонија

„Македонија многу невообичаено го прифати учеството во НАТО мисиите, со свои сили. Велам, невообичаено, затоа што вообичаено е членките на НАТО да учествуваат во тие мисии, Македонија тоа го прави како партнер, како потврда на својата заложба за членство во НАТО,“

Изјави Стојан Кузев професор на Воената академија во Скопје
Во февруари НАТО побара од Македонија за две години околу 500 војници да бидат подготвени за мировни мисии на Алијансата, по што следеа реакции од стручната јавност дека македонија нема можност да финансира вака голем контингент мировници. Треба да се има во предвид дека се потребни и средства за подготовка на војниците

„Многу е јасно дека за група од двајца – тројца или десет луѓе трошоците не се исти како за баталјон меѓу 400 и 600 луѓе. И не е само тамошното учество, туку и обуката на контингентот,“

вели професорот Кузев.

По зачленувањето во Алијансата проценките на Брисел говорат дека Македонија тоа ке ја чини 13,5 милиони американски долари. Тоа се средства што треба земјава би требало да ги уплака во фондовите за цивилни и воени намени.
XS
SM
MD
LG