Достапни линкови

logo-print

Десничарот Никола Саркози и социјалистката Сеголен Роајал ќе се соочат во вториот круг од гласањето


Резултатите од вчерашните претседателски избори во Франција покажуваат дека десничарот Никола Саркози и социјалистката Сеголен Роајал ќе се соочат во вториот круг на гласањето на шестти идниот месец. Одѕивот на избирачите беше над осумдесет и четири проценти, што е еден од рекордните на француските избори.

Пеесет и две годишниот поранешен министер за внатрешни работи Никола Саркози, по пребројувањето на скоро сите гласови, води во трката. За него се изјасниле триесет и еден насто од избирачите.

„Мои драги сопартици, вечерва граѓаните на Франција се искажаа себе си и тоа многу јасно. Првата рунда од претседателските избори е победа за нашата демократија. Со масовниот одѕив, французите ја искажаа својата желба да не му дозволат на никој да решава наместо нив.“

Изјави Саркози, наведувајќи дека со тоа што тој е на првата, а Роајал на втората позиција граѓаните јасно покажале дека сакаат да одат до крај во дебатата меѓу, како што рече, двете гледање за Франција. Песет и три годишната Роајал, која се надева дека ќе стане првата жена претседател на Франција во првиот круг доби скоро дваесет и шест проценти. Таа ги повика нејзините приврзаници да бидат дел од новата Франција, заштитничка, но и динамична во развојот.

„Денеска јас не само што не им припаѓам на милитантните социјалисти, туку ќе одам чекор понатаму и не само што ќе ја зближам левицата со екологистите, ами и повеќе од тоа.“

Изјави денеска пред своите приврзаници во Париз Роајал. На трето место со осумнаесет запирка пет насто од гласовите се најде центристот Франсоа Бајру, додека националистичкиот лидер Жан Мари Ле Пен кој ја вознемири Франција кога на претседателски избори пред пет години се пласира за вториот круг, ја освои четвртата позиција со десет ипол проценти. Во вториот круг, според досегашните анкети би победил Саркози кој има шанси да добие над пеесет и два насто, додека Роајал би добила до четириесет и осум насто од гласовите. Аналитичарите предвидуваат дека гласачите на екстремниот десничар Ле Пен ќе гласаат за Саркози, додека гласовите што ги доби Бајру ќе бидат рамномерно распоредни меѓу Саркози и Роајал кои пред вториот круг директно ќе се соочат на дебата на втори мај на француската државна телевизија.
XS
SM
MD
LG