Достапни линкови

По воведниот збор на обвинителството судењето ќе продолжи на седми мај


Со воведен збор на Хашкиот обвинител Ден Саксон официјално започна судењето на Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски обвинети за случајот Љуботен, при што беа презентирани неколку видео снимки од вооружени активности на македонските безбедносни сили. Што е она што во текот на судењето ќе го докажува обвинителството:

„Обвинителството ќе мора да докаже дека имало доволно организација и структура на вооружени сили и дека секоја страна била подготвена да изведува воени операции, обвинителството мора да демонстрира дека интензитетот на вооруженото насилство, битката ако сакате, достигнала одредено ниво што значи да се прекршуваат правилата.“

Рече обвинителот Саксон.
Бранителите на Бошковски и Тарчуловски пред почетокот на судењето со свои проценки:

„Проценките за времетраење на судењето се веќе направени и истите се движат некаде околу осум месеци што не значи дека тој рок не може да варира. По мои проценки има повеќе шанси да трае еден или два месеци подолго, за пократко не верувам.“

„Наша проценка е дека судењето би траело од шест до девет месеци, така да се очекува да заврши до крај на годинава.“

изјавија Драган Гоџо од адвокатскиот тим на Бошковски и Антонио Апостолски адвокат на Тарчуловски.
Едина Решидович адвокат на Бошковски смета дека ова судење ќе биде едно од пократките:

„Во овој момент сигурно е тешко да се процени точно времетраењето на судењето. Меѓутоа она што можеме да го кажеме е дека ова ке биде едно од пократките судења, значи ние очекуваме судењето во наредниот период да се одвива многу брзо и дека притоа судот ќе го почитува и правото на обвинетиот за фер судење.“

Адвокатите проценуваат дека изведувањето на доказите од страна на обвинителството ќе трае три месеци, по што следи период од три до четири недели за подготовка на одбраната, по што за изведувањето на доказите и таа ке добие три месеци. Сведоци по овие две фази може да повика и Судскиот Совет. Потоа следи подготовка и презентирање на завршните зборови на обвинителството и одбраната. Досегашната пракса покажува дека Судскиот Совет ја донесува пресуда најкратко за еден месец, а може и по осум месеци од завршните обраќања на двете страни.
XS
SM
MD
LG