Достапни линкови

Политичките партии најкорумпирани институции во општеството


Политичките партии се најкорумпираната институција во општеството, констатирано е на меѓународната конференција во Вашингтон на кој учествуваа членови на изборните комисии од Источна Европа, централна Азија, Блискиот Исток и Африка. Наместо поранешниот проблем како да се обезбеди формално еднакво право на глас за сите полнолетни граѓани, сега е клучна дилемата како да се спречи крупниот капитал кој ги финансира кандидатите на изборите да не ги поткопа демократските процеси.

Утврдувањето на количеството пари, а пред се од каде тие доаѓаат и начинот на кој политичките партии го трошат во изборните кампањи е едно од клучните прашања на демократијата во почетокот на дваесет и првиот век, оценуваат стручњаците. Марчин Валецки како консултатнт на програмата што ја финасираше американската влада, бил посматрач на повече избори во Азербејаџан. Босна, Ирак, Косово, Русија, Украина. Според него, утврдувањето на трагите на парите е важно од неколку причини. Најпрвин, бидејќи криминалните организации и интересни групи се стремат да влијаат врз изборните резултати. Второ, деведесет и девет насто од граѓаните, поради големите трошоци, не можат самите да си дозволат да бидат кандидати на изборите. Конечно, политичките кампањи се повеќе личат на трка во која кандидатот настојува да потроши повеќе пари од својот ривал.

Сето ова ме наведува на заклучок дека додека говоревме за слободни и фер избори во дваесет век, сега во настојувањата да се обезбедат транспарентни избори, не може да се избегне дебатата за парите кои играат се позначајна улога во политиката.

Вели Валецки, додавајќи дека тоа прашање е поважно по изборите, бидејќи поединците и интересните групи кои ги финансираа одредените кандидати во текот на кампањата, очекуваат да си го вратат вложеното. Тука најнапред се мисли на законите кои ќе ги усвојат новоизбраните институции а кои ќе им овозможат разни олеснувања во нивниот бизнис. Кога станува збор за улогата на парите Валецки вели дека сретнал многу политичари кои мислат само како да се збогатат. Сепак, тој додава:

Мислам дека стандардите се менуваат и политичарите мораат да имаат предвид дека живееме во Дваест и првиот век и оти не им е дозволено да го прават она што го правеле во претходните столетија. Очекувањата на граѓаните се големи и тие бараат одговорност на политичарите при нивното исполнување.

Валецки смета дека притоа охрабрува и се поголемата моќ што ја добиваат изборните тела. Тоа го потврдуваат и се позачестените истраги за незаконско финасирање на изборните кампањи во Европа.

Не би сакал да наведувам имиња на претседатели на држави или влади, но на она што го правеа пред петнаесетина години, веќе не можат да го прават. Во Германија дури и канцеларот според новото законодавство може кривично да бидат гонети во случај на финансиски злоупотреби во текот на кампањата. Слично е и во Британија.

Невадува Марчин Валецки.
XS
SM
MD
LG