Достапни линкови

Граѓаните велат дека празникот ќе го одбележат скромно


Скромно како што наложува стандардот вака велат повеќето граѓани ќе го одбележат велигденскиот празник, во себе со мисла како било во минатото. Стандардот веќе не дозволува богата трпеза и славење како некогаш. Согласно економско –социјалната ситуација која ја ,,живеe,, поголемиот број од македонското население, граѓаните забележуваат:


„Се подготвуваме сиромашно, мали се пензиите, јас сум во пензија моментално, а од неа шестмина живееме. Ќе славиме колку можеме, тоа е сепак наш голем македонски празник, па дури и последниот денар да го потрошиме.“

„Платите се мали, пензиите уште помали, мора нешто да се одбележи, меѓутоа скромно.“


На нискиот стандард, високи цени кои за многумина ,,нејасно,, но предпразнично велигледенски се зголемуваат, па недозволуваат богата трпеза, револтирано реагираат граѓаните:

„Скапи се цените, треба за Велигден да бидат намалени како што е во земјите од Западот кога се намалени цените пред празник за 10, 20 па и 30%.“

„Мислам намерно пред Велигден се покачени цените“

„Ма како не е навистина е скапо, навистина сметам дека претеруваат нашите.“


Но нешто мора да се земе, па за пазарџиите иако и тие потенцираат дека има разлика во однос на минатите години, сепак ова се денови на зголемен промет. Зеленчукот домати и краставици со цена од околу 100 и 150 денари за килограм, предвелигденски со највисоки цени:

„Само на зеленчукот и овошјето се покачени цените. Најверојатно има некој извоз па поради тоа се покачени цените, а можеби и поради Велигденот.“

Колку и да се забележува беспарицата, една трговка со јајца интензивно работи, нив традиционално мора да ги има на трпезата:

„Според потрошувачката се чувствува дека доаѓа празник. Инаку цените се останати исти од 150, 160 денари итн.“

Остануваат неколку дена до подготовките за пречекот на велигденскиот празник, скромно или богато во зависност од длабочината на џебот, низ градот веќе се чувствува предпразнична врвулица.
XS
SM
MD
LG