Достапни линкови

Македонија мора да продолжи со реформите за членство во ЕУ, велат експертите


Во пресрет на 50 годишнината од Римскиот договор потпишан на 25 март 1957 година за основање на Европската економска заедница, тогаш меѓу шесте земји Франција, Германија, Италија, Холандија, Луксембург и Белгија кој првично претставувал почеток на економската соработка и обид за интензивирање на стопанските врски, денеска договорот од Рим претставува темел на денешниот изглед на Европската Унија. Педесет години подоцна со сите критериуми пропишани во договорите на Европската унија како обврски што треба да ги исполнат земјите аспирантки за влез во Унијата, европското семејство се прошири со 27 нови земји членки. Причините за бавното 50 годишно проширување на Унијата, експертите ги гледаат во строгите критериуми:

„Треба да се гледаат причините за тоа бавно проширување кон средна и источна европа во критериумите. И тогаш и денеска тие критериуми се престроги и бараат нивно исполнување.,,

Истакнува професорот Лазар Лазаров од факултетот за општествени науки.
На патот на своите евроинтеграции Македонија беше првата земја од регионот потписник на Договорот за Стабилизација и асоцијација за пристапување кон Европската Унија потпишан на 9 април 2001 година во Луксембург, на 22 март 2004 та во Даблин земјава поднесе апликација за членство во Европската Унија, а на 17 март 2005 Европскиот совет на државава и додели статус на земја – кандидат за членство во Европската Унија. Но, неизвесноста во Унијата за следните проширувања и покрај нашите евроинтеграции се предизвикани од потребата за донесувањето на европскиот устав и надминување на институционалната криза во која таа се најде. Најновиот сигнал дојде од еврокомесарот за проширување Оли Рен дека во претстојаната берлинска декларација по повод 50 годишнината од Европската Унија, нема да биде споменато идното проширување на Унијата кон Балканот. Експертите со став дека иако може да има одредено забавување во однос на проширувањето, сепак додаваат дека членството најповеќе зависни од успешноста во спореведувањето на домашните задачи.

„Тоа незначи дека процесот на евроинтеграции на Македонија е забавен или успорен, но се додека не се решат овие прашања внатре во ЕУ, нема да има ново проширување.“

Вели политикологот Дане Талески. По повод 50-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор со кој беше поставена основата на денешната Европска Унија, свое обраќање во земјава имаше претседателот на Меѓународното европско движење и поранешен претседател на Европскиот Парламент Пат Кокс.
XS
SM
MD
LG