Достапни линкови

Претседателот Црвенковски нема намера да се откаже од уставните надлежности во надворешната политика


Несогласувањата мегу претседателот Бранко Црвенковски и актуeалната владеачка гарнитура подолг период ги оставија празни амбасaдорските столчиња во Брисел, Вашингтон и Лондон. Црвенковски во врска со прашањата од надворешната политика најави дека идната недела ќе ги повика на средба премиерот Груевски и министерот за надворешни работи Милошовски

„Да направиме пресек каде се наоѓаме во процесот на нашето интегрирање во ЕУ и НАТО. Потоа да ги разгледаме настаните во регионот, посебно поврзани со процесот на дефинирање на идниот статус на Косово. Понатаму, да ја усогласиме следната динамика на посети на премиерско и претседателско ниво и верувам дека на таа средба ќе можеме заедно да оцениме дали е можен напредок околу прашањето на именување на амбасадори во земјите каде што е потребно,“

изјави Црвенковски и додаде дека според уставот и законот за надворешни работи тој именува, назначува и разрешува амбасадори по предлог на владата и оти нема намера да се откаже од своите ингеренции

„Уставното решение за поделба на власта во оваа сфера меѓу владата и претседателот упатува на меѓусебно усогласување, договор, а тоа значи и компромис. Тој договор не може да се постигне со исклучивост.“

Милошосвки пак иако пред повеке од еден месец во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека амбасадорските места ке се пополнат набрзо сепак од министертвото велат дека нема никакви поместувања во договорите. Според експертите овие несогласувања силно се одразија врз македонскта надворешна политика во годината која се смета за клучна.

Димитар Мирчев професор на Факултетот за општествени науки вели дека не смееше да се дозволи амбасадорските столчиња да останат празни зошто како што објаснува тоа дава многу лоша слика за Македонија

„Мислам дека се создава неповолна атмосфера, особено во оние што се клучни за влезот на Македонија во НАТО и ЕУ, а посебно тоа се Британија и САД. Подитно треба да се најде решение.“

Засега Брисел и Лондон остануваат без конкретни предлози а прва амбасада што ке биде пополнета е во Вашингтон. Имено, Зоран Јолевски поранешен шеф на кабинетот на претседателот Борис Трајковски и дипломат во Светската Трговска Организација е единствениот кадар околу кој се согласија Црвенковски и Милошовски. Тој на својата должност заминува деновиве.
XS
SM
MD
LG