Достапни линкови

Темелот на одговорното лидерство е религијата и почитта кон различноста


Зборувајќи за одговорното лидерство чии темели, според него се религиите и почитта кон различностите, премиерот Никола Груевски денеска го отвори вториот форум за „Одговорно лидерство“ организиран од Фондацијата Борис Трајковски по повод три годишнината од авионската несреќа во која загинаа Трајковски и осумината негови соработници:

„Ние не сме аристократи за да губиме време на поделби и одбивања, спротивно ние треба да бидеме зрели и одговорни за водење на нацијата и да го завршиме демократскиот процес.“

На Форумот зборуваше и актуелсниот претседател на Албанија и пријател на Трајковски Алфред Мојсиу. Тој истакна дека лидерите како Трајковски ги замениле националистичките лидери. Според него регионалната соработката која ја започнале заедно со Трајковски треба да биде основа за добрососедки односи и интеграција:

„Кога се сеќаваме на претседателот Трајковски, претседателот Ругова, премиерот Џинџиќ и другите политичари кои што се познати по лидерството, имаме причини да веруваме дека нашиот регион преку такви личности успеа да искочи од затворениот круг од минатото и продуцира такви модели за нас и надвор од нашиот контекст од регионот и за целиот европски простор.“

Пред започнувањето на официјалното обраќање членот на норвешкиот парламет Ларс Рисе на говорниците го прочита псимото од америакскот државен секретар Кондолиза Рајс испратено до сопругата на Трајковски, Вилма:

„Тој ја донесе Македонија од војна до опоравување и помирување. Неговата политика ги продолжи силните врски со Соединетите Американски Држави и се имплицираше на македонските аспирации за интегрирање во Европската Унија и во НАТО.“

И денес три години по три години по смртта причините кои довеле до падот на владинот кингер се коментираат со тон на сомнителност. Едногодишната истрага која ја водеа македонските и босанските органи покажа дека несерката се случила поради прописти во процедурата на приогање на аредромот. Временските услови пак тоа февруарско утро во кое Трајковски патуваше на меѓународната конференција за инвестирање беа непогодни густа магла и облачност. Македонското Министертво за внатрешни работи неодамна побара од Јавното обвинителство да се отвори повторно случајот, но барањето беше одбиено. Слична најава за повторна истрага стигна и од Советот на Европа. Швајцарскиот пратеник Андреас Грос изјави дека поседувал и дополнителни информации.
XS
SM
MD
LG