Достапни линкови

Нема опасност од дестабилизација на регионот во текот на решавањето на косовскиот статус


Безбедноста на границите кон сите соседи будно се следи и нема опасност за дестабилизација на регионот во текот на решавањето на прашањето за косовскиот статус ова за Радио Слободна Европа го изјавува Министерот за внатреши работи Гордана Јанкуловска која токму за регионалната безбедност и за можностите за интензивирање на меѓусебната соработка со цел поефикасна гранична контрола на конференцијата во Дубровник разговара со нејзините колеги министрите за внатрешни на земјите од регионов односно Хрватска, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина:

„Согласно безбедносните индикатори со кои располагаат државите во регионот, во моментов посериозни закани за дестабилизација во регионот нема но тоа не значи дека ситуацијата внимателно не се набљудува, напротив се следат сите состојби и се разменуваат информации.“

Изјавува Министерот Јанкуловска која додава дека засега непостои опасност и со оглед на чувствителниот период во текот на решавањето на косовскиот статус, но вели таа доколку тоа се случи соодветно ќе се одговори:

„Остануваме на она што беа заклучоци на Советот за безбедност, според кои состојбата будно се следи и доколку има промена на безбедносната состојба или потреба од поинаква организација Советот веднаш би заседавал и би излегол со предлог мерки. Како што ви е познато, такво нешто досега не се случило.“

Забележува Јанкуловска. Освен проблематичноста на границата во делот на Косово, стручната јавноста посочува дека треба да се биде претпазлив и кон обезбедувањето на граничните појаси кон сите соседи, а кои вклучуваат и друг вид опасности како нелегални премини, шверц на разни стоки или трговија со луѓе што не ретко се случуваат. Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност во оваа насока потенцира:

„Единствената можност за што поголема безбедност на границите може да се оствари само со што поголема контрола позасилени структури на граничните единици и со се почести патролирања долж самата граница.“

вели Марковски.
XS
SM
MD
LG