Достапни линкови

Се што се направи е во интерес на Македонија


По осамостојувањето на Македонија, Грција го оспорува правото таа да се именува со уставното име со образложение дека тоа изразува територијални претензии кон истимената северна грчка област. Поради противењето на Атина приемот на државава во Обединетите нации во 1993 се случи под референцата поранешна југословенска република Македонија. Во февруари 1994 Грција воведе целосно трговско ембарго што беше на сила 18 месеци. Штетата што ја претрпе земјава според проценките на економските експерти изнесуваше околу 2 милјради долари. Односите мегу Македонија и Грција значително се подобрија по потпишувањето на билатералната спогодба за соработка во септември 1995. По ратификувањето на спогодбата во октомври истата година Македонија го промени државното знаме и Уставот, по што Грција ги отвори границите и го прекина ембаргото. Ова придонесе за подобрување на економската соработка или доколку не се земе во предвид унгарската инвестиција од 310 милиони долари во Македонскиот телеком, Грција се јавува како најголем инвеститор со нешто повеке од 260 милиони долари.

Сето ова не придонесе и за решавање на спорот со името, дијалогот за ова прашање се одвива под покровителство на Обединетите нации.
Поранешниот македонски преговарач за името Иван Тошевски вели дека сите чекори што се направени не се во прилог на Грција

„Се што се направи до сега се направи во интерес на Македонија, а тоа е голем грчки проблем и тие тешко ќе го решат, бидејќи тоа што го бараат е дури глупаво,“

изјави Тошевски.

Грците деновиве на средба на НАТО амбасадорите го поставија прашањето за неопходноста од промена на името Поранешна југолсовенска република Македонија. Од државниот врв објаснуваат дека грците можат формално да го блокираат евентуалното членство на македонија во НАТО, бидејки имаат право на вето. Сепак тие укажуваат дека доколку тоа се случи тие ке ја прекршат Времената спогодба и член 11 со кој се обрзавуваат како што се вели да не протестираат на зачленување во мегународни организации.
XS
SM
MD
LG