Достапни линкови

Приштина: Косовското движење Самоопределување ги повика граѓаните на масовни протести


Косовското движење Самоопределување ги повика граѓаните денеска да излезат на масовни протести за да го изразат незадоволството од планот на специјалниот пратеник на Обединетите Нации Марти Ахтисари. Ова здружение бара да не се преговара со Белград туку веднаш да се прогласи независност. Претседателот Албин Курти изјави дека демонстрациите не се приајвени затоа што полицијата не би одобрила. Вчера против планот на Ахтисари неколку илјади срби протестираа во Косовска Митровица.
XS
SM
MD
LG