Достапни линкови

logo-print

Москва: Претставници на Русија и Белорусија на разговори за енергетскиот спор


Преставници на Русија и Белорусија во Москва водат преговори за енергетскиот спор кој доведе до прекид на снабдувањето со нафта на Европа. Вчера, имено, нафтоводот Дружба во Белорусија соопшти дека ја намалило испораката на нафта за полска и Германија, а руски Транснефт пак дека целосно го прекинал транспортот кон Белорусија поради разлики во цените. Меѓународната агенција за енергија повика на брзо решавање на проблемот со испораката на руска нафта за Европа преку Белорусија. Во соопштението на Агенцијата сепак се наведува дека Европа е способна да се справи со прекините и да премине на стратегиските резерви доколку е потребно.
XS
SM
MD
LG