Достапни линкови

Наместо кампањска, потребна е суштинска борба против овој вид криминалот


Со аспењето на неколку лица, надлежните инситуцуии во земјава најавија дека почнува борбата против нелегалната трговија со цигари. Имено, во последната акција на Министерството за внатрешни работи поднесена е кривична пријава против поранешниот директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп, како и против уште пет други лица кои се товарат за даночно затајување на овој вид акцизна стока, а за нанесените штети на државата, од Министерството информираат:

„Нанесената материјална штета кон државата на име на неплатен данок, акцизи и ДДВ е во висина од 7,5 милиони евра.“

Изјавува Иво Котевски портпарол на МВР. Освен овој актуелен случај, од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека во изминативе три месеци се откриени над 20 случаи на нелегална трговија со цигари:

„Во периодот откако е дојдено новото раководство во МВР откриени се вкупно 21 кривично дело од кои 13 се криумчарење и недозволена трговија за што се пријавени 27 сторители. При преземените активности на овој план одземени се 3 523 штеки разновидни странски цигари.“

вели Котевски.
Зголемувањето на ценатата на цигарите пред една година, само го зголеми криумчарењето со цигари, смета пратеникот од ЛДП Слободан Најдовски кој токму од овие причини во Собранието поднесе предлог за измена на Законот за тутун, чија цел вели тој, е намалувањето на криминал:

„Од тие причини предлагам во Законот за тутун да се воведе дека премијата за примарното производство на тутун ќе се остварува во висина од 20% од прибраните акцизи од продажбата на цигарите.“

објаснува Најдовски.
Но, сите овие активности меѓу кои и последните апсења на лица вклучени во нелегална трговија со цигари, експертите ги оценуваат само како изолирани кампањи. Според експертот од областа на организираниот криминал Љупчо Арнаудовски, потребна е посуштинска и темелна борба:

„Организираниот криминал сака систематична и постојана акција особено на институциите на прогонот за да може успешно да се сузбива, бидејќи тој постојано се јавува во нови односи и во нови облици.“

истакнува Арнаудовски.
XS
SM
MD
LG