Достапни линкови

logo-print

Анкара: Продолжува посетата на Папата Бенедикт 16 на Турција


Денеска продолжува 4-дневната посета на папата Бенедикт 16-ти на Турција. Тој ќе престојува во Ефес, каде што ќе ја посети куќата на Богородица. Вечер Папата ќе се врати во Истанбул на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Многу сакав дојдам во Турција затоа што Турција се претвори во мост меѓу религиите, му рече папата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој го пречека вчера на аеродромот во Анкара. Папата синоќа се сретна со Али Бардакоглу, државен директор за религиозни прашања, кој во септември годинава го прекори понтифот за неговите изјави за исламот. На средбата двајцата биле облечени во бела церемонијална облека и пред да се поздрават си размениле подароци. Бардакоглу во септември го обвини Бенедикт ЏВИ дека „негува омраза во неговото срце“ кон муслиманите, откако папата го поврза Исламот со насилството. Во интервју дадено за турските медиуми Бардакоглу изјави дека иако четиридневната посета на папата е „чекор во вистинска насока, нема да ги излечи раните што ги предизвика неговиот коментар“.
XS
SM
MD
LG