Достапни линкови

Мисијата во Авганистан на врвот од агендата


НАТО мисијата во Авганистан, каде што сојузничките сили и натаму се соочуват со отпор од талибанските бунтовници, е на врвот на агендата на овој самит во Рига. Генералниот секретар јап Де Хоп Схефер денеска оцени дека во 2008-ма авганистанските сили ќе бидат способни да ја превземат одговорноста за безбедноста во земјата.

„Не е прифатлво тоа што на нашата мисија на југот од Авганистан сеуште и недостигаат 20 насто од потребните капацитети.“

Претседавачот на американскиот комитет за надворешни работи Ричард Лугар, предупреди дека евентуалниот неуспех во Авганистан ќе го доведе во прашања кредибилитетот на НАТО.

„Доколку најугледната алијанса во модерната историја не успее во нејзината прва операција надвор од Европа поради недостиг од желба на нејзините членки, ефикасноста на НАТО и способноста од заедничка акција против терористичките закани, ќе бидат доведени во прашање. “


Лугар, во Рига изјави и дека би требало Алијансата да ја покани и Грузија во членство, а претходно американскиот Сенат усвои резолуција во која се повикува НАТО да ги прими Грузија, Хрватска, Македонија и Албанија. НАТО лидерите ќе расправаат и за тензиите меѓу Русија и Грузија, како и за потенцијалните закани по снабдувањето со енергија. Претседателот на Летонија Ваира Вике Фреиберга изјави дека НАТО има програма за соработка со Русија во последниве неколку години и оти има прогрес во заедничката битка против глобалните закани.

„Во однос на Грузија, постои програма за партнерство, Ја охрабруваме Грузија да продолжи со напредокот.“

Инаку, лидерите на НАТО се очекува да ја разгледаат идејата и за зајакнување на врските со земјите со равиени демократии од Пацификот, како Јужна Кореја, Јапонија и Австралија.
XS
SM
MD
LG