Достапни линкови

Без политичка волја, не помага ниту странец


Во земјава политичката волја за борба против криминалот е декларативна, а за да се реализира потребно е изнаогање на начини за кои ке има основа во правните норми во земјава, велат претставници на политичките партии.

„Прашање е колку власта е подготвена да извлече партиски независен кадар, на којшто нема да му се меша во работата и реално да може да се соочи со таков предизвик,“

вели Славица Грговска од СДСМ. Од ДУИ пак поголеми песимисти:

„Јасно е дека ние ја загубивме војната против организираниот криминал. Сите влади, без разлика на партијата. За жал, политичарите двојно се однесуваат, едно изјавуваат, друго прават, а веројатно трето мислат.“

Во меѓувреме во министерството за правда се работи на нов закон за јавното обвинителство, а едно од решенијата е и одделот за борба против организираниот криминал да биде посебно јавно обвинителство. До назначување на новиот јавен обвинител кој според најавите на владата можно е да биде странец, стручната јавност со свои забелешки

„Гледано од сегашен аспект тоа е неможно. Прво, познавањето на правниот систем ќе претставува потешкотија на лицето коешто ќе биде ангажирано, затоа што правниот систем на Република Македонија е различен. Потоа, познавањето на јазикот ќе му пречи во секојдневната комуникација,“

изјави Јован Трпеноски поранешен јавен обвинител кој додава дека доколку биде странец новиот обвинител мора да биде присутен во земјава цело време и да ги откаже сите други ангажмани

„Ангажманите на јавниот обвинител не може да се покрие со работното време. Обемот на работа е толку голем, така што мора да се посвети цел човек.“
XS
SM
MD
LG