Достапни линкови

Клучно е целосно исполнување на неопходните услови, вели Даниел Грос


Клучен критериум за одредување на датумот за прием на земјите од Западен Балкан во Европската Унија ќе биде нивното исполнување на неопходните услови. Ова за Радио Слободна Европа го вели Даниел Грос, директор на бриселскиот Центар за политички студии, а по вестите дека Европската комисија во својот извштај, најавен за идната недела ќе препорача пет до шест годишна пауза во проширувањето на Унијата.

Европската комисија нема да и препорача на ниту една земја од Западен Балкан да преземе нови чекори кон Европската Унија, бидејќи по приемот на Романија и Бугарија ќе и треба извесна пауза во проширувањето, беше веста на агенцијата Ројтрес, базирана врз дипломатски извори во Брисел.

„Најавениот извештај на Европската Комисија за одлагање на приемот на балканските земји во наредните пет шест години не е дефинитивен став на Брисел, бидејќи доколку некоја од државите во регионот навистина напредува бргу на реформскиот пат, тогаш има шанси де стане членка на Унијата и порано. Значи тоа ќе биде клучен критериум при одредувањето на датумот за проширување, а не времето кое сега ќе го пропише Европска комисија.“

Вели Даниел Грос, директорот на Центарот за политички студии во Брисел. Тој во врска со наводите дека паузата ќе биде најмалку до оној момент до кога Хрватска не се подготви да и се придружи на Унијата вели:

„Хрватска во овој случај не може да се посматра како балканска земја. Сите се согласуваат дека таа веројатно ќе влезе во Европската Унија за пократко време од пет години, но тоа не може да се тврди со сигурност. На дригите земји секако ќе им треба најмалку пет до шест години. Кога станува збор за најавата дека пристапните преговори со Македонија нема да почнат во идната година, поради недостигот на дијалог меѓу власта и опозицијата, доколку Скопје го исполни тој, како и другите услови нема да има пречки за продолжувањето на својата европска интеграција.“

Наведува Даниел Грос, додавајќи дека тоа се однесува и на Србија и на Босна. Имено, како што вели, доколку Белград го испорача поранешниот генерал Ратко Младиќ на Хашкиот трибунал и доколку во Сараево биде постигната спогодба за реформите на полицијата, тогаш ќе можат да бидат потпишани и нивните спогодби за стабилизација и асоцијација со Европската Унија. Грос смета дека зад ставот за евентуалната пауза во проширувањето не стои заморот на Унијата по неодамнешиот прием на десет нови членки и пред претстојниот на Бугарија и Романија.

„Станува збор пред се за проценката дека балканските земји се уште не ги исполнуваат сите критерими.“

Заклучува дирекоторот на бриселскиот Центар за политички студии Даниел Грос кој ги отфрла и оценките на некои аналитичари дека извештајот на Евопската комисија за неподготвеноста на Балканот е директно поврзана со застојот во преговорите на Европската Унија со Турција.
XS
SM
MD
LG