Достапни линкови

Ревитализацијата на државната економија


На денешната средба со премиерот Никола Груевски претставници на македонски, американски и интернационални организации ќе имаат можност да се запознаат со со новиот план на владата за ревитализација на државната економија.
Организатор на оваа средба е Американската стопанска комора во земјава, чија цел
е да ја унапреди соработката помеѓу македонските и американските компании, да ги советува македонските стопанственици како да работат профитабилно и да ги промовираат нашите производи на интернационалните пазари.
Членови на оваа организација можат да бидат поголеми или помали бизнис компании, а една од предностите што тие ги имаат е можноста за учество на различни едукативни семинари, вели првиот човек на оваа организација, професор Вилјам Дан.

„Досега се одржаа голем број на семинари и работилници, еден што неодамна се одржа беше на тема права на интелектуалната сопственост. Тоа звучи прилично академски, права на интелектуална сопственост, но е многу практичен и ќе им овозможи информации на македонските компании за тоа како да регистрираат свои заштитни знаци и како да го заштитат својот имот. На пр. Има многу произведувачи на софтвери во земјата и некој од нив треба да биде заштитен и како да го направите тоа, не е очигледно. Значи тоа е една работилница. Другата е поврзана со новиот закон за потрошувачи, тоа првенствено ги вклучува македонските фирми, но и американските кои се регистрирани тука и тие изгледаат успешни. Ете, тоа се работилниците на кои сакаме да дадеме акцент.“

вели Дан, додавајќи дека улогата на комората е да овозможи конктерни услуги на нивните членови.

„Американската комора настојува да овозможи услуги кои им се потребни на нашите членови, а не толку бизнис средби, генерални односи со јавноста, ручеци и вечери, сето тоа е во ред, знаете и тоа треба да го правиме и тоа е важно но тие всушност не овозможува вистински услуги. Тие овозможуваат фото можности, кога новинарите ќе бидат таму, односно можност да се видат тие луѓе со други важни луѓе. Но, нас ни требаат конкретни резултати,“

изјави Дан

Американската стопанска комора во Македонија постои од 2001 година. Таа е приватна оргазнизација за промоција и развој која овозможува поддршка на транс-атлантски бизнис иницијативи и инвестиции во Македонија. Во светот постојат 99 претставништва на Американската стопанска комора.
XS
SM
MD
LG